12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

7. „Шазам!“ (Shazam!) – 5-ти април

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

Ова е уште еден филм со суперхерои, но е помалку сериозен и многу посмешен. Филмот е за смешен лик од стриповите на Диси, момче кое го штити неговиот пријател од куршуми и учи да се претвори во возрасен суперхерој користејќи го само зборот „Шазам!“.

8. „Гробишта за миленици“ (Pet Sematary) – 5-ти април

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

Ова е уште една адаптација на истоимената хорор книга од Стивен Кинг. Тешко е да се замисли дека може да биде пострашен од оригиналот, но режисерите се убедени дека ќе го направат тоа.

9. Неименуван филм за „Одмазниците“ (The Avengers) – 3-ти мај

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

Со овој филм ќе се заврши епската приказна за Одмазниците и Танос. Последната битка помеѓу хероите и негативецот ќе ги одреди нивните животи. За овој филм се знае малку, но е еден од најочекуваните.

10. „Џон Вик 3: Парабелум“ (John Wick 3: Parabellum) – 17-ти мај

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

Ова е третиот филм што ја раскажува приказната за Џон Вик. По убиството во хотелот, клановите почнуваат да го бркаат Џон. Тој почнува да бега и започнува битка со најопасниот убиец на планетата.

11. „Тоа: Второ поглавје“ (It: Chapter Two) – 8-ми септември

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

2019-та не е одлична само за оние кои сакаат суперхерои, туку и за фановите на Стивен Кинг. Оваа година ќе го изгледаме вториот дел од популарниот хорор филм. Дејството е сместено 27 години по крајот на првиот филм. Ликовите се пораснати и си ги живеат нивните животи, но еден чуден телефонски повик ќе ги натера да се вратат во минатото.

12. „Џокер“ (Joker) – 4-ти октомври

12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите

Ова е филм за најпознатиот негативец од универзумот на Диси. Во 1980-та година Артур е неуспешен комичар и навистина срамежлива личност. После долго време се враќа во Готам и се обидува одново да ја започне неговата кариера. Иако навидум сè изгледа во ред, мотивите за враќањето на Артур не се многу јасни поради тајна од неговото минато. На некој начин неговата приказна е поврзана со онаа на најбогатото семејство во Готам, семејството Вејн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    sakam

Остави коментар