10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку

Повеќето луѓе имаат свои омилени ТВ-емисии и филмови, па понекогаш е тешко да го замислите одморот по долгиот работен ден без нив. Но, поради изобилството на измислени приказни што ги имате на располагање, може да ги пропуштите филмовите за вистинските настани и феномени што можат да ви ги прошират хоризонтите. Во продолжение погледнете го списокот на најдобрите документарни филмови и ТВ-серии од последните години.

1. „Цената на сè“ (The Price Of Everytning)

Овој двократен кандидат за Оскар се обидува да открие како се формира цената на уметничките дека. Влијателни креатори, организатори на аукции и други специјалисти во областа на истражувањето помагаат да се открие тоа.

2. „Нашата планета“ (Our Planet)

Ова е мини-серија за тешкиот живот на дивиот свет поради климатските промени. Екипата на „Нашата планета“ создадена од Би-Би-Си работеше на познатата серија 4 години. Тимот, кој се состоеше од 600 луѓе, посети 50 земји на различни континенти со цел да го процени влијанието на луѓето врз флората и фауната.

3. „Вистинската цена“ (The True Cost)

Овој скандалозен документарец ги истражува внатрешните тајни на светот на модата, во потрага по одговорот на прашањето: „Која е цената на модата?“. Луѓето што стојат зад овој филм направија одлична работа и ги посетија не само модните ревии, туку и земјите од третиот свет каде што ја открија шокантната вистина за индустријата.

4. „Пожар во рајот“ (Fire In Paradise)

Пожарите станаа глобален проблем за целото човештво. Прво Сибир, а сега и Австралија е уништена од оваа непогода. Но, малкумина од нас знаат за трагедијата на Рајскиот град во Калифорнија што се случи есента во 2018 година. Пожарот што избувна поради дефект во далноводите го претвори малиот град во пепел, каде што останаа само најочајните жители. Уште поголем пожар зафати огромен дел од државата, но филмот ја прикажува приказната на начинот на кој се сеќаваат луѓето што го населувале некогаш огромниот град.

5. „Мраз на оган“ (Ice On Fire)

Ова е документарен филм за еколошката криза и е продуциран од Леонардо Ди Каприо. За разлика од другите слични филмови, тој вели дека не е сè изгубено за човештвото ако ги преземеме неопходните активности. Во филмот се откриени тие корисни активности.

6. „Чистачите“ (The Cleaners)

Филмот е дизајниран да ги прикаже фактите на „дигиталното чистење“, што е активност на отстранување на непотребните информации од Интернетот. Пет искусни чистачи ги споделуваат тајните на оваа професија. Креаторите на филмот исто така интервјуираа луѓе од различни краеви на светот на кои силно им влијание цензурата на Интернет.

7. „Аполо 11“ (Apollo 11)

Овој документарен филм е за слетувањето на астронаутите на Месечината. Содржи ретки видеа и интервјуа со учесниците на тој настан. Целта на филмот е едноставна: да ги растера сите сомнежи за реалноста на настанот кои сè уште се присутни.

8. „Лица и места“ (Visages Villages)

Ова е филмска авантура каде што режисерот, Анес Варда и еден фотограф патуваат низ предградијата на Франција. Тоа е неверојатен филм за случајните средби, за необичните пријателства и за убавината на околниот свет. Документарецот беше номиниран за Оскар во 2018 година.

9. „Една чудна карпа“ (One Strange Rock)

Ова е ТВ-серија за тајните на нашата планета што илјадници научници постојано се обидуваат да ги откријат. Ќе научите какви откритија сака да расплетува науката во современиот свет.

10. „Дивиот Амстердам“ (Wild Amsterdam)

Погледнете го животот на неверојатниот Амстердам низ очите на мачорот по име Фритс, како и низ очите на другите локални животни. Филмот е создаден за да покаже дека градот не постои само за луѓето, туку дека и животните можат да најдат удобност на неговите улици.

Погледнете го списокот со документарни филмови што треба да ги изгледате за проширување на свесноста за менталното здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар