Затемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

Затемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

Следниот период ќе биде одбележан со турбуленции. Полната Месечина ја започнува последната сезона на затемнување оваа година и тоа на 19 ноември кога ќе влезе во знакот Бик.

Затемнување на Месечината на 19 ноември: Доаѓаат големи промени за овие 4 хороскопски знаци!

Во астрологијата, полната Месечина означува емотивен и напнат период и ни сигнализира дека е време да им се посветиме на најприоритетните задачи. Затемнувањето на Месечината поттикнува дополнителни промени во нашите секојдневни рутини. Сепак, не дозволувајте промените да ве исплашат. Тие се корисни за вас затоа што ќе ви помогнат да излезете од вашата удобна зона.

Прочитајте во продолжение на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината.

Бик

Како фиксен знак, не сакате многу промени затоа што ве тераат да излезете од удобната зона. Токму овој период ќе треба да се справите со вашите најголеми предизвици и стравови. Од друга страна, ова е период и кога ќе дојдат до израз вашите успеси. Размислете за сите аспекти на вашиот идентитет како и новите перспективи кои се јавија како резултат на неодамнешните пречки на кои наидовте.

Лав

Затемнувањето на Месечината ќе се манифестира врз вашиот јавен живот на начин што ќе се чувствувате ранливо. Ќе почувствувате зголемен притисок на работа, а вашите однесувања ќе бидат со цел да ги исполнат очекувањата на другите. Внимавајте на вашето ментално здравје. Искористете го периодот за да застанете на цврсти нозе и да се стекнете со самодоверба, но и обидете се што помалку да зависите од другите.

Скорпија

За време на ова затемнување треба да обратите внимание на вашиот однос со другите. Од голема важност е длабоко да размислите за нив и директно да се соочите со она што е лошо за вас или што ве повредува. Од друга страна, игнорирањето на овие проблеми само ќе го зголеми вашето страдање. Посветете си повеќе време на себе и сопствените искуства и побарајте поддршка од најблиските за она што ви е особено важно.

Водолија

Овој период ќе бидете особено чувствителни додека откривате некои работи од вашето минато. Полната Месечина ќе ве охрабри да го исчистите вашето светилиште – домот и приватниот живот, во буквална и метафорична смисла. Време е да се посветите на личниот развој додека преминувате во нова фаза од животот и да се ослободите од сè што е негативно.

Откако прочитавте врз кои хороскопски знаци најмногу ќе влијае затемнувањето на Месечината овој период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 15 до 21 ноември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар