За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

Позитивна, насмеана, ведра, забавна, шармантна, зборлеста, непоколеблива, храбра и полна со живот. Таа непрестајно трага по вистината и мудроста, бидејќи е љубопитна и жедна за нови знаења и откритија. Обожува да води долги разговори и дискусии на сите теми: од политика и религија, па сѐ до љубов. За жената родена во овој слободоумен огнен знак не постојат табуа. Таа е искрена, независна и отворена за нови искуства, поради што лесно наоѓа пријатели.

За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

Погодивте за кого станува збор? Секако дека мислиме на жената родена во знакот Стрелец! Ја фасцинираат многу нешта, особено контроверзните работи од областа на религијата, етиката и филозофијата. Таа ги презира ограничувањата и сите наметнати распореди и правила. Жената Стрелец мора да има флексибилност и можност да ги менува работите како што ѝ одговараат. Како и сите останати, така и таа има некои маани, како што се невнимателност, бесчувствителност, површност и претерана независност.

Жените Стрелци имаат ведар, огнен и детски дух. Нивните морални вредности им помагаат да станат прекрасни личности полни со ентузијазам кои слепо веруваат во нивната добра судбина. Припадничките на овој знак колку што се отворени и искрени толку се и зборлести и нетактични.

Тие не размислуваат многу пред да кажат нешто, што може да навреди некои луѓе. Но, зад нејзината непосредна отвореност никогаш не се крие злонамерност. Ако забележат дека повредиле некого, веднаш ќе се обидат да ги поправат работите. Луѓето го разбираат тоа и ја сакаат.

Нивната душа е хумана и добра. Жените Стрелци имаат високи стандарди, ги почитуваат моралните вредности во меѓучовечките односи и ја почитуваат традицијата. Тие се многу интелигентни и постојано размислуваат за некои филозофски и религиски прашања. Жените родени во овој знак сакаат да патуваат, особено во егзотични краишта, а најсреќни се кога животот им е исполнет со спорт и забава. Ризикот ги возбудува жените Стрелци. Тие сакаат брзина, авионски летови и брзо автомобили.

За нив идеални се професиите што ќе им дадат слобода на движење, кои се доволно разновидни и полни со акција. Успешни се како трговски патници, туристички водичи, банкари и спортистки.

За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

Љубов

Љубовта претставува голема мистерија за жените Стрелци. Тие ја сметаат љубовта за награда по која копнеат и за највредното богатство што го крие животот. Честопати се плашат од интимност, па затоа нивната љубов честопати се раѓа од некое пријателство. Не ја сакаат монотонијата, па затоа мирните вечери поминати пред телевизор во домашна атмосфера за нив не се поим за идеална врска. Тие сакаат да го делат животот со некој кој ќе биде на истата психичка и физичка бранова должина, односно тие посакуваат партнер кој ќе биде подготвен постојано да патува.

Дури и тогаш кога се многу вљубени, жените Стрелци успеваат да ја задржат својата независност, а тоа ги прави уште попривлечни и пошармантни. На љубовен план, тие се страсни авантуристи и нивната природна љубопитност ги наведува да тргнат на голем број љубовни истражувања. Лесно може да станат промискуитетни и да преминуваат од еден на друг партнер, а способни се да одржуваат и неколку врски истовремено. Но, тоа не значи дека припадничките на овој знак немаат чувства. Тие се многу искрени и истото го очекуваат и од другите. Ако некој ги изневери, тие ќе бидат крајно повредени, бидејќи нивното срце е многу нежно и ранливо.

Без оглед на тоа што се непостојани, кога ќе го најдат идеалниот маж, жените Стрелци стануваат многу верни животни партнери. Благодарение на нивниот оптимизам, тие се многу пријатни партнерки кои знаат да ги охрабрат и насмеат нивните сакани. Тие се многу динамични, ведри и дружељубиви, но не им одат добро домашните работи, па затоа од нив не треба да се очекува совршенство во домаќинството. И покрај тоа, нивната пријателска природа ќе направите сите гости да се чувствуваат пријатно и добредојдено. Не треба да заборавите и дека жената Стрелец е многу интересна и грациозна забавувачка!

Пријателство

Ако сакате да си ги проширите видиците и да се ослободите од предрасудите, пријателката родена во знакот Стрелец ќе ви помогне да го сторите тоа. Освен што сакаат да водат интелектуални и поучни разговори, тие се познати и како најдуховите личности во друштвото. Не се плашат да глумат дежурни кловнови и да се шегуваат на своја сметка, ако тоа ги забавува и смее нивните пријатели.

Воопшто не се пристрасни и сакаат да стекнуваат пријатели од сите сфери на животот, од разни националности, религии и култури. Најдобрите пријатели на жената Стрелец најчесто се родени во знакот Водолија или Вага. Иако не ги интересираат типично женските теми, имаат многу пријателки и знаат да ја подигнат атмосфера во исклучиво женските друштва. Имаат и многу пријатели со кои ја делат љубовта кон адреналинот.

За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

Изглед

Надворешните карактеристики на жената Стрелец се жив поглед, високо чело, убав говор, лесен и одмерен од, младешки изглед и развиените рамена. Имаат чист тен, а лицето им е долго или овално со високи и густи веѓи, долг нос и експресивни очи во светло сина или кафеава боја.

Припадничките на овој знак се витки и имаат пропорционално градено тело. Ќе можете оддалеку да ги препознаете благодарение на нивната елеганција. Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но тие дури и кога ќе се облечат набрзина во необични комбинации, изгледаат многу слатко и дотерано. Имаат брзи движења и драматични гестови, па често си играат со прамените на косата. Нивната градба е атлетска, но склони се кон вишок килограми, бидејќи сакаат да уживаат во храната и пијалаците.

Удобноста им е најважна на овие боемски души кога станува збор за облеката. Најмногу им одговараат природните материјали како што се памук, волна и лен. Ја презираат тесната облека, а обожуваат долги и шарени здолништа, меки панталони, спортска облека и патики. Носат минимална шминка и многу малку накит.

Жените Стрелци копнеат по патувања во далечни земји, а не по скапи обувки. Ако некогаш купат скапи чевли, секогаш ќе им бидат помалку важни од нивните планинарски чизми. Немаат трпение за третманите за убавина. Ги извршуваат само најнеопходните, како што е депилација, а не се грижат многу ниту за дневните ритуали за нега и убавина. Нив ги заморува нанесувањето крема за лице секое утро и вечер.

Сакаат да купуваат, но во интересни и егзотични продавници. Нивното одење на шопинг изгледа како физичка активност: Влетуваат и излетуваат од продавниците, набрзина ги разгледуваат производите и одбираат што е можно пооригинални парчиња облека, бидејќи не сакаат носат исти работи како и останатите.

Најдобро се чувствуваат во спортска облека, но можат да носат и елегантни комбинации. На жените Стрелци одлично им стојат храбрите модни комбинации. Не сакаат да се средуваат долго време, а кога ќе се дотераат, едвај чекаат да извадат сѐ од себе и да ги облечат нивните омилени тренерки.

Тина Тарнер, Рита Ора, Тејлор Свифт, како и глумиците Џејн Фонда, Кејти Холмс, Џулиен Мур и Мила Јовович се родени во знакот Стрелец и тие знаат дека виолетовата боја им стои одлично, па затоа честопати може да ги видите на црвениот тепих облечени или нашминкани токму во таа боја. Идеалните парфеми за жената Стрелец се оние со овошни и дрвени ноти кои мирисаат свежо и разиграно.

Во продолжение, прочитајте како да освоите девојка со хороскопски знак Стрелец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар