Совршениот сопруг за секој хороскопски знак

Совршениот сопруг за секој хороскопски знак

Дали сте една од оние девојки кои уште од деца сонувале за нивната свадба? Дали до најситниот детаљ смисливте како ќе изгледа вашиот фустан, цвеќињата, тортата… Дали си го замислувавте и вашиот принц? Најверојатно сите луѓе барем еднаш помислиле на својата потенцијална свадба и за тоа како би изгледал нивниот партнер или партнерка. Доколку ја следите астрологијата, и таа има да ви каже по нешто за тоа каков ќе биде вашиот избраник. Дознајте за каков тип маж ќе се омажите според вашиот хороскопски знак.

(1) За каков човек ќе се омажите според вашиот хороскопски знак?

Овен

Вам ви треба некој кој може да го следи вашиот чекор. Вие ќе се омажите за човек кој има ист авантуристички и натпреварувачки дух како вашиот. Тој би можел да биде силен, атлетски граден човек кој ужива во натпреварување и предизвици. Вашиот иден сопруг најверојатно ќе биде премногу темпераментен и нема да може да седи со скрстени раце, без да работи нешто продуктивно. Вашиот избраник нема лесно да се откажува од борбите кои ги води, а исто како и вас, ќе ужива во секс по смирување, по малите брачни расправии.

Бик

Човекот со кој би се омажиле ќе биде многу приземјена личност, чувствителен и ќе ужива во сите задоволства и удобности што ги овозможува животот. Тој прилично ќе доминира во вашата врска, но не на насилен начин, туку ќе прави сè за да ве заштити и поддржи. Вашиот иден сопруг ќе биде човек со грб и цврст карактер.

Близнаци

Не постои ништо попривлечно за вас од тоа да најдете човек кој ѝ одговара на вашата интелигенција, кој ве забавува и некој со кој можете да водите конструктивни разговори. Животот никогаш нема да ви биде здодевен со ваков тип сопруг. Бидејќи првото нешто што ве привлекло кај него е неговиот ум и карактер, знајте дека и кога ќе остарите подеднакво ќе ви биде привлечен.

Рак

Вие сакате чувствителни мажи, полни со разбирање. Би можеле да се омажите со човек кој ви нуди татковска заштита. Тоа значи дека сакате да најдете човек кој ќе ви овозможи и емоционална и финансиска безбедност. Лесно е да го замислите тој човек како татко на вашите деца. Тој ќе биде вашата карпа за потпирање и ќе сака да ви покаже дека покрај него сте заштитени и безбедни.

Лав

Бидете искрени, вие секогаш сакате да блескате и да доминирате, но не би имале ништо против тоа покрај себе да имате иста таква машка верзија. Човекот со кој би се омажите би можел да биде шармантен, харизматичен и со добар физички изглед. Тој ќе биде екстремно великодушен, љубезен и целосно ќе ве разбира и ќе ве поддржува онакви какви што сте. Вие двајцата едноставно ќе владеете со светот.

Девица

Вам ви треба човек кој ќе ги почитува вашите граници. Но, истовремено вашиот избраник ќе треба да го надополнува вашиот премногу аналитички свет со креативност и смеа. Тој ќе биде многу интелигентен (нема да прифатите ништо помалку од тоа), учтив и уреден. Вашиот избраник ќе има топол поглед и ќе знае да ја смири нервозната ситуација. Вие нема да сакате вашиот сопруг да биде вулгарен во јавност, но доколку сте дома, нема да ви пречи искрено да си ги покаже емоциите.

Вага

Постојат големи шанси да се омажите за маж Вага. Човекот со кој би се омажиле ќе биде многу добар говорник, отворен за дружење и комуникација и многу забавен. Дали споменавме дека истовремено ќе биде и многу физички атрактивен? Тој сака забави, театар кино, па затоа и никогаш нема да ви биде здодевно крај него. Дури и откако ќе стапнете на лудиот камен, романтичните моменти нема да запрат, затоа постојано ќе биде подготвен да ви приреди незаборавни моменти.

Скорпија

Жените Скорпии се привлечени од мажи кои изгледаат таинствено, активно и по малку опасно. Вие сте силни, посесивни и знаете понекогаш да биде опсесивни, но, голема е веројатноста овие карактеристики да ги има и вашиот иден сопруг. Постојано ќе се изненадувате од психолошката моќ на двајцата кога ќе минувате низ одредени борби во заедничкиот живот. Голема е веројатноста да најдете сопруг со кој ќе имате неверојатна сексуална поврзаност и неверојатни интимни моменти.

Стрелец

Жената Стрелец сака да најде сопруг со кој ќе може да ја дели страста кон постојаните авантури и патувањата, како и човек со кој ќе може да разговара за своите емоции. Човекот со кој би се омажиле може да има совршено чувство за баланс на искреноста, интегритетот, духовното и духовитоста. Тој ќе биде вашиот најдобар пријател, ваш учител и ваш водич. Никогаш нема да биде здодевен или депресивен, напротив ќе биде исполнет со љубов кон животот.

Јарец

За вас годините се само бројка. Доколку најдете човек кој добро ги знае своите потреби и цели, кој е успешен и со кој можете да изградите цврст заеднички живот, ќе се омажите без многу двоумење. Вашиот иден сопруг веќе ќе биде многу успешен во својата кариера кога ќе го сретнете. Знаете дека во бракот треба да се вложува, па затоа заедно со сопругот ќе давате сè од себе тоа да биде ваша успешна приказна.

Водолија

Вие ќе се заинтересирате за човекот на вашиот живот уште во првиот момент кога ќе го видите. Тој ќе биде интересен, ексцентричен и непредвидлив. Тој ќе има бунтовна природа и ќе има ставови од кои многумина ќе останат шокирани. Но, вие и онака не сакате некој здодевен тип покрај вас. Вашиот избраник постојано ќе ве изненадува – ментално, емоционално, сексуално. Ќе го обожувате затоа што ќе сака да експериментира и да искусува нови работи.

Риби

Вие сакате животот да го поминете со сонувач и некој кој е чувствителен. Многу често сакате да им помагате на луѓето, а ако вашиот избраник се наоѓа во тешка ситуација, секогаш ќе бидете покрај него. Од друга страна вие сте безнадежни романтичари и нема да имате проблем покрај вас да има „цврста рака“ која ќе ви помогне да ве спаси од сништата во кои често знаете да потонете. Вие ќе се омажите со човек кој ќе биде вашиот спасувач, но истовремено и ќе треба да го спасувате. Едноставно, вашиот избраник и вие ќе се стопите во една душа и ќе создадете неверојатно уникатна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар