Со што се опседнати хороскопските знаци?

Секој од знаците во Зодијакот има свои опсесии кои свесно или несвесно му го контролираат животот. На Бикот најголема опсесија му се парите, Вагата копнее по рамнотежа, а на Скорпиите најважна им е верноста. Погледнете со што е опседнат вашиот хороскопски знак.

so-shto-se-opsednati-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Овен: шопинг

Припадниците на овој знак се ентузијасти и бестрашни во сите полиња на животот, па и во своите мали опсесии. Секогаш трагаат по нешто ново, а таа глад најчесто сакаат да ја задоволат со шопинг. Нивната опседнатост со купување оди од крајност во крајност, до таа мера што тоа може комплетно да им го преземе животот.

Бик: пари и луксуз

Биковите се стабилни, упорни и издржливи, а сите овие квалитети им помагаат да стекнат добра позиција на работа. Не се плашат од напорна работа, а сѐ со една цел – да стекнат што повеќе пари. Големиот износ на сметката им овозможува да уживаат во луксузот, кој го ценат подеднакво како и парите, но не се колебаат и да ги потрошат на други.

Близнаци: гаџети и мода

Живите и дружељубиви припадници на овој знак се опседнати со техника, односно со сите гаџети кои им овозможуваат подобра комуникација со сите кои ги сакаат. Тие се нивниот прозорец кон светот, а ги обожаваат заради слободата која им ја даваат. Исто така, слаби се на мода и спремни се цел ден да го потрошат на комбинирање модни парчиња според најновите модни трендови.

Рак: успех

Сочувствениот Рак секогаш е подготвен да помогне, но само ако тоа не се коси со неговите уверувања. Раковите јасно ги изразуваат своите ставови и на сите им покажуваат што им се допаѓа, а што не. Имаат желба за успех и спремни се за тоа да ги надминат сопствените граници. Тој успех најчесто е поврзан со семејниот и приватниот живот.

Лав: надмоќ

Припадниците на овој знак имаат одредени аристократски особини кои ги тераат да бидат најдобри во сѐ. Токму тоа е нивната најголема опсесија – надмоќта и супериорноста над другите. Сакаат на другите да им покажат дека одлично се снаоѓаат на сите полиња во животот, но не се колебаат да покажат кога не се во право.

Девица: ред

Педантните Девици се опседнати со редот во толкава мера што животот често им се врти само околу тоа. Најмногу од сѐ ја ценат дисциплината, а ако некој им ја наруши се претвораат во вистински кралици на драмата. Опсесијата со совршено подреден секојдневен распоред се граничи со опсесивно-компулсивно нарушување.

Вага: рамнотежа

Вагите се склони кон претерано анализирање, затоа не е чудно што се опседнати со животната
рамнотежа. Тој баланс настојуваат да го постигнат со убави работи, без разлика дали со накит, патувања или облека. Проблемот е во тоа што тој свој порив не можат да го контролираат, па често шопингот може да ги извади од такт.

Скорпија: лојалност

Припадниците на овој знак се познати по својата мистериозна и посесивна природа, па во животот најмногу копнеат за искреност и лојалност. Сакаат односи полни со доверба, а за своја опсесија ја сметаат големата желба за знаење. Не се плашат да го покажат своето знаење, колку и да им оди тоа на живци на другите.

Стрелец: патувања

Баш како и Овните, и Стрелците најмногу во животот сакаат авантури и активности. И додека другите се опседнати со надмоќ и искрени односи, нивните мали опсесии се патувањата и ќе направат сѐ за што почесто да патуваат. Единствено така можат да се ослободат од вишокот енергија по кој се познати.

Јарец: самиот себе

На останатите припадници на Зодијакот им се важни материјални работи, но Јарецот е опседнат само со едно – со самиот себе. Тој има егоцентрична карактеристика која го тера сѐ да прави во своја корист, без разлика дали тоа ќе повреди некого или не. Се впушта во лов на успех и гази по другите, освен ако му е страв дека ќе изгуби нешто уште поважно, во кој случај може да се откаже.

Водолија: да биде најкреативна во друштвото

Шармантните припадници на овој знак имаат постојана потреба да бидат најкреативни во друштво. Секогаш нешто создаваат и се вистински иноватори, но тоа повеќе го прават за сопствена душа одошто за успех. Иако им годи признанието од другите, многу побитна им е самата титула – најкреативниот знак во друштвото.

Риби: зависности

Рибите се вистински сонувачи и живеат во свој свет кој го имаат скроено по своја мерка. Припадниците на овој знак се лабилни личности, затоа не е чудно што лесно се навлекуваат на нездрави навики како брза храна, коцкање или алкохол. Штом еднаш нешто пробаат, постануваат толку преокупирани со тоа што тешко можат да се извлечат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар