Со кој хороскопски би требало Рибите најмногу да си одговараат, но всушност се лош спој?

Рибите се сметаат себеси за базнадежно романтични и сонувачи, па затоа добро е да дознаете кој знак би бил компитабилен со вашиот, а кој не би бил идеален за љубовна врска.

Со кој хороскопски би требало Рибите најмногу да си одговараат, но всушност се лош спој?

Доколку сте Риби, дознајте кои се вашите најлоши избори во љубовта, според хороскопскиот знак.

Љубовниот живот е она за кое сите зборуваат, па затоа наместо да се обидувате да ги сфатете оние со кои најдобро би се согласувале, најпрво елиминирајте ги оние со кои астрологијата не ви предвидува добра иднина.

Риби и Близнаци

Рибите и Близниците се сметаат за лоша комбинација, бидејќи се подеднакво се хармонични и фрустрани. На скала од 0 до 100, резултатите би биле екстремно ниски заради почетната некомпатибилност на оваа комбинација.

Меѓутоа, ако и двата знака може да се прилагодат на стилот на другиот, оваа врска би можела да се стабилизира со текот на времето, па можно е и добро да функционира.

Поради тоа што Рибите се екстремно чувствителни и имаат длабока потреба од лична интимност, може да им биде тешко на Близнаците да се соочат со тоа затоа што се помалку емотивни.

Иако немаат многу заеднички нешта, позитивни се и сакаат опуштена врска, па дури и многу добро комуницираат на фамилијарните собири. Но, недоразбирањата што ги предизвикуваат Близнаците се штетни за Рибите.

Во случај, овие два знака да се заљубат, постои мала веројатност врската да трае долго бидејќи Рибите само ќе ја исцедат енергијата од партнерот. Тие понекогаш имаат кревка индивидуалност што другите хороскопски знаци подобро би ја разбрале, отколку Близнаците.

Мал совет, доколку сакате вашата врска да успее, треба да ѝ се посветите и да поминувате многу повеќе време заедно.

Риби и Лав

Рибите со Лавот на почетокот може да делуваат добро, бидејќи и двата знака сакаат да бидат во врска, но првично би можеле да бидат збунети поради нивните различни темпераменти.

И двата знака навистина силно посакуваат да бидат вљубени и приврзани, па имаат потенцијал да бидат среќни заедно. Но, огнените својства на Лавот може да ги исцрпат Рибите. На Лавот му е потребно многу внимание и очекува многу пофалби од партнерот. Ако не ја добијат потребната љубов и безбедност за возврат, врската може да стане еднострана.

Кога Рибите и Лавот почнуваат да се привлекуваат еден со друг и двата знака ги ризикуваат своите уверувања и внатрешни убедувања затоа што тешко се разбираат меѓусебно.

Рибите сакаат врска од бајките, а тоа може да го добијат само ако изградат херојска претстава за партнерот.

Риби и Вага

Рибите и Вагата може да делуваат совршено еден за друг бидејќи е заљубени во љубовта. Вагата копнее по внимание и вечна љубов, а Рибите се познати по тоа што се исклучително романтични.

Честопати се премногу чувствителни, но тоа ги прави доволно сензитивни за да ги разберат потребите на нивниот партнер бидејќи се и многу емпатични.

На крај, помеѓу овие два знака би можело да се роди убаво пријателство, наместо врска.

И двата знака не можат да им одолеат на доминантните хороскопски знаци, така што нивната врска навистина нема да „цвета“. Особено затоа што Вагите не сакаат да разговараат за нивните чувства како што тоа го прават Рибите!

Тие често нема да се почитуваат доволно еден со друг затоа што Вагата има проблем да се прилагоди на брзината на нејзиниот партнер, а променливите Риби  често не ѝ помагаат брзо да се отвори за да изградат однос со она темпо кое би им одговарало на двајцата.

Доколку сакате оваа врска да успее, треба да си дозволите да преминете преку непочитувањето и нереалните очекувања кои ги имате еден кон друг. Доколку можете да го направите тоа, можеби ќе имате можност да откриете дека и двајцата сте способни да споделите вистинска љубов.

Можеби сакате да прочитате и кои хороскопски знаци изневеруваат за време на сезоната на Рибите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар