Следуваат љубовни пресврти и моќна интуиција: Планетите најмногу ќе влијаат на овие знаци

Хороскопот открива како планетите во наредниов период ќе влијаат на нашата судбина. Имајќи го тоа на ум, изгледа дека за неколку знаци, ќе настанат големи промени во љубовта. Станува збор за Јарецот, чие влијание ќе дојде од Сатурн и Плутон во Јарец, за Водолијата, чие влијание ќе дојде од Венера во Водолија и за Рибите, кои ќе бидат афектирани од Нептун и Меркур во Риби.

Овие таканаречени зимски знаци, носат тешка, забавена, јин енергија. Со нивното расположение доминира летаргија, и иако тие се полни со идеи и планови, им недостасува мотивација за да ги остварат.

За ова делумно допринесуваат и 3-те важни астролошки настани што се случија во текот на претходната недела. Тоа се Меркур кој почна да се движи ретроградно, Младата Месечина во знакот Риби и повторното влегување на Уран во знакот Бик.

Младата Месечина најверојатно почнала нови приказни, но поради Меркур во квадрат со Јупитер, изгледа дека пред нас има многу повеќе работи отколку што можеме моментално да поднесеме. Со ретроградниот Меркур најверојатно чувствувате чудно зуење во ушите, како да нуркате во длабоки води. Ништо не гледате и ништо не слушате. Ова е време кога вашите сетила ве мамат и кога мора да се потпрете на интуицијата.

Но, Уран, кој на 6-ти март влезе во Бик и ќе остане таму до 2026 година, ќе се погрижи да не ни биде досадно. Тој веќе беше сместен во Бик, од мај до ноември во 2018 година, па веќе ги почувствувавме неговите мали земјотреси. Ова влијание ќе се продолжи во следните 7 години, кога ќе се редефинира односот кон парите и вредностите, а главните теми за кои ќе се зборува ќе бидат храна, земјоделие, екологија…

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци кои оваа пролет лудо ќе се вљубат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар