Што ве очекува овој декември според вашиот хороскопски знак?

Нештата конечно тргнуваат на подобро. Најголемата планета во нашиот Сончев систем, Јупитер, сега патува кон нејзиниот знак, Стрелец, после 13 месеци поминати во Скорпија. Ова е мирниот период по бурата, а веќе сигурно сте почнале да го чувствувате. На 22-ри ќе има моќна полна месечина во Рак која ќе го нагласи професионалниот живот наместо емоционалното здравје. Погледнете што ве очекува овој декември.

Што ве очекува овој декември според вашиот хороскопски знак?

Овен

Бидејќи вашата владејачка планета Марс ќе влезе во вашиот знак до крајот на месецот, имате на што да се надевате. Благодарение на положбата на сонцето по 21-ви декември, вашите желби и цели ќе се манифестираат навистина брзо. Бидете трпеливи. Всушност, полната месечина во Рак наредниот ден ќе ве натера да најдете рамнотежа помеѓу професионалниот и личниот живот. Бидете нежни со себе.

Бик

Овој месец ќе биде интензивен. Поради вашата владејачка планета, по 2-ри декември одново ќе преживеете сè што сте надминале. Од друга страна, по 21-ви декември ве чека авантура. Кој знае, можеби конечно ќе соберете храброст да ѝ пријдете на личноста што ви се допаѓа. Новата месечина во Стрелец на 7-ми декември ќе би донесе некоја нова врска. Најважно е да бидете искрени со себе во текот на целиот процес.

Близнаци

Изгледа дека можеби сте му кажале на партнерот што сè ви се врти низ главата уште од средината на ноември. Новата месечина во Стрелец на 7-ми декември може да биде совршен момент за нов почеток. Не ѝ дозволувајте на оваа енергија да биде залудна. Осигурете се дека ќе ги оставите нештата во минатото пред новата година.

Рак

Овој месец има моќна полна месечина во вашиот знак, па веројатно почнувате да ги чувствувате емоциите. Оваа енергија е одлична за вашите тело и дух и ќе ви донесе нови почетоци во областа на работата, рутината и здравјето. Оваа година сте срушиле неколку мостови, и тоа е сосема во ред. Полната месечина на 22-ри декември можеби ќе ви ја даде потребната утеха. Останете силни.

Лав

Овој период сте навистина весели и не дозволувајте ѝ на оваа енергија само да ве одмине. По 7-ми декември ве очекуваат нови почетоци во романската, креативноста и забавата. Пред крајот на празниците, можно е да добиете некоја важна задача. Поради полната месечина овој месец, можеби ќе ја добиете потребната емоционална утеха.

Девица

Повторно почнувате да се чувствувате како себеси. Овој месец ќе ви донесе нови почетоци во домот и ќе ви го подобри емоционалното здравје. Има нешто различно во вашата душа, а овој месец ќе се потсетите на вашата внатрешна сила. Време е за малку забава. Полната месечина на 22-ри ќе ве подготви да се збогувате. Речиси е 2019-та, ослободете се.

Вага

Вие сте сила со којашто не треба да си играат, особено кога вашата владејачка планета Венера е на ваша страна. Конечно ве очекуваат добри вести во врска со финансиите. Истовремено, важно е да се запрашате дали сте ја кажувале вистината овој период. Важно е да се одморите пред почетокот на новата година, но поради полната месечина која ќе ја размрда вашата кариера, ова може да ви биде тешко.

Скорпија

И покрај тоа што веќе не е вашата сезона на роденден, сè уште добивате внимание од космосот. Овој период ќе го извлечете најдоброто од тоа. Очекувајте нешто ново кај финансиите и нештата што навистина ги сакате. По 21-ви декември ќе бидете покомуникативни, а полната месечина овој месец ќе ве натера да се фатите за работа. Вашите соништа ве чекаат.

Стрелец

Можете уште малку да ја прославувате вашата сезона и навистина сте радосни. Ќе се промени вашата лична перспектива, па подготвени сте за следната авантура. Сте размислувале многу, воглавно за врските и вашето влијание во животите на другите. Знаете што сакате, а по 21-ви декември ништо нема да може да ве сопре. Следната месечина ќе ви помогне да се трансформирате. Размислете што ќе оставите зад вас, а што ќе понесете со вас. Прво одберете се себеси.

Јарец

Пред роденденот важно е да разгледате уште неколку работи. Од што ќе се ослободите пред да влезете во новата година? По 21-ви декември ќе се чувствувате како нова личност. Како ќе го споделите овој дел од вас со остатокот од светот? Полната месечина на 22-ри ќе ве натера да се грижите за себе и за вашето емоционално здравје пред да пуштите некого внатре.

Водолија

Целосно сте биле одземени од работата и колегите, но зарем не е време за пауза? Но пред да се одморите, новата месечина во Стрелец ќе ви донесе нови почетоци во оваа област. Навистина се трудите на работното место, и тоа конечно ќе почне да се покажува. По 21-ви декември дајте си простор да се наполните. Пред крајот на годината обидете се да се организирате.

Риби

Сите очи се вперени во вас, а вие не можете да направите ништо во врска со тоа. Овој месец можеби ќе ги достигнете и ѕвездите. Благодарение на Јупитер, очекувајте среќа и просперитет во професионалниот живот. По 7-ми декември можеби ќе откриете нова животна мисија. Кон крајот на месецот очекувајте нова соработка. Немојте да ги испуштате важните настани. По 22-ри декември ќе добиете длабока емоционална поддршка, па не плашете се да го отворите вашето срце.

Погледнете и кои знаци ќе имаат најдобар крај на 2018-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар