Што ве очекува до крајот на август според вашиот хороскопски знак?

2018-та не е лесна година, но барем целиот хороскоп изгледа добро за овој месец. Сите ќе обрнат внимание на нивните врски и ќе бараат хармонија. Се разбра, не треба да заборавите и на нештата што се пред вас на сметка на оваа хармонија. Па, погледнете што да очекувате до крајот на август според вашиот хороскопски знак.

Што ве очекува до крајот на август според вашиот хороскопски знак?

Овен

Сингл сте? Овој месец Венера ќе ви донесе нови врски и хармонија во сегашните. Работите не завршуваат овде. Соларната еклипса ќе ве исполни со страст и креативност. Се разбира бидете и внимателни. По 23-ти август голема е веројатноста да бидете под стрес поради натрупаниот распоред. Немојте да се грижите, полната месечина на 27-ми август ќе го среди проблемот. Ова е сè што сте чекале.

Бик

Сигурно имате премногу работа. Но, немојте да се грижите бидејќи наближува вашата лична револуција. Можеби ви е удобно каде што сте, но како ќе созреете ако останете на истото место? Дали планирате да се преселите? Можеби ве чекаат некои нови почетоци. Ќе ја почувствувате промената и ќе се чувствувате одлично.

Близнаци

Ви се допаѓа некој? Имате некој нов проект? Немојте да се грижите бидејќи завршувате фантастична работа. По соларната еклипса можно е да чувствувате некоја нервозна енергија, па важно е да одморите. По 23-ти август можно е да ви недостигаат членовите од семејството.

Рак

Дали сте расположени за уредување на домот? Уште веднаш фатете се за работа. Исто важно е да си дадете и признание, навистина сте го заслужиле. Кон крајот на месецот обидете се да разговарате, без разлика дали тоа ќе биде со пријател, со сосед или со странец. Важно е да се социјализирате.

Лав

Дали сте подготвени за нов почеток? Соларната еклипса навистина ја менува вашата перспектива. Пред вас се нови почетоци, а вие сте повеќе од подготвени за промена. Повеќе нема да имате проблеми со егото и нема да создавате непотребна драма. По 23-ти август вашите вредности ќе бидат на прво место. Бидете горди на личноста којашто сте.

Девица

Конечно се чувствувате како себе и има причина за тоа. Соларната еклипса ви донесе нови почетоци кога станува збор за лекувањето и духовноста. По 23-ти август вие ќе бидете во центарот на вниманието. Полната месечина ќе предизвика духовна кулминација помеѓу вас и пријателите.

Вага

Соларната еклипса ќе ви донесе нови почетоци во пријателската зона. Немате нови пријатели? Подготвени сте да продолжите понатаму. По 23-ти август прифатете ја вашата самотија и грижете се за себе.

Скорпија

Време е овој месец да ги најдете вашите кармички моќи. Соларната еклипса ќе ви донесе нов почеток во кариерата и професионалниот живот. Дали сте задоволни од сегашната професија? Нешто ви недостасува? Слушајте го вашиот инстинкт. По 23-ти подгответе се за забава. Ќе бидете полни со енергија.

Стрелец

Соларната еклипса ќе ве натера да ги проширите вашите хоризонти. Дали сте подготвени за нов почеток? Сега е и време да го заборавите токсичниот бивш партнер. По 23-ти август ќе размислувате за вашата кариера и за судбината. Без разлика дали барате некој сертификат или само ги истражувате вашите опции, сега е вистинско време за тоа.

Јарец

Досега навистина не ви било лесно. За среќа работите се веќе вратени во контрола. Вие сакате успех. Но немојте да го изгубите фокусот додека се качувате по планината. Ослободете се од токсичните емоции и предајте му се на универзумот. По 23-ти август спакувајте ги куферите бидејќи сте подготвени за долго очекуваниот одмор.

Водолија

Соларната еклипса ви донесе нови почетоци во врските и партнерствата. Сега е време да го заклучите договорот. Ќе се подобрат и вашите сексуални врски. Во најмала рака, ова ќе биде навистина возбудлив месец.

Риби

Очекувајте некаков мал подарок од универзумот. Соларната еклипса ви покажа дека сте подготвени за промена, па не чекајте. По 26-ти август ќе се чувствувате одлично, но ќе ја одбиете и саканата утеха. Ставете ги емоциите на прво место. Вашата интуиција нема да ве излаже овој период.

Дознајте и што треба да направите до крајот на летото според вашиот хороскопски знак.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар