Што треба да очекувате од љубовната врска со Близнаците?

Што треба да очекувате од љубовната врска со Близнаците?

Пристигна сезоната на Близнаците! Тие се познати по нивната нежна, внимателна и љубопитна природа. Како и секој воздушен знак, тие се комуникативни, друштвени и забавни, но исто така знаат да бидат и сериозни и нетактични. Единствената работа која секогаш важи за Близнаците е тоа што никогаш не можете да знаете што да очекувате од нив. Тие се желни за ментална стимулација и разновидност, па затоа честопати се борат да се справат со рутините и повторувањата присутни во секој животен аспект, како што е работата, врските, семејството и слично. Уникатните потреби на Близнаците ги прават речиси неподносливи во љубовните врски. Ова се некои основни работи кои треба да ги знаете за Близнаците за да можете да создадете здрава врска со нив…

6 работи кои мора да ги прифатите доколку сакате да ви успее љубовната врска со Близнаци

1. Мора да бидете подготвени да се менувате

Рутините се нешто што најмногу ги нервира Близнаците. Бидете сигурни дека тие нема да ја прифатат здодевната врска исполнета со повторувања и навики. Бидете забавни и внесете разновидност во врската. Одете на нетрадиционални љубовни состаноци и приредувајте изненадувања. Близнаците ќе го ценат вашето внимание. Ќе ви биде тешко да останете со партнерот во овој хороскопски знак, доколку очекувате постојаност во врската. Бидете отворени кон промени и не плашете се да пробувате нови работи.

2. Не можете баш секогаш да зависите или да се потпрете на Близнаците

Ова не значи дека тие намерно ќе ве разочараат. Близнаците честопати не се свесни како нивните дела влијаат на другите и понекогаш имаат очи само за себе. Како нивен партнер, вие морате да бидете независни, доволни сами на себе и многу трпеливи. Повеќето Близнаци се свесни дека не можете да сметате баш секогаш на нив и затоа многу често се извинуваат. Не правете да се чувствуваат лошо поради тоа, туку помогнете им да се сменат.

3. На Близнаците не може секогаш да им се верува

Ако имате проблеми со довербата и сакате да влезете во врска со Близнаци, добро размислете уште еднаш за оваа идеја. Близнаците не се нечесни, туку едноставно дозволуваат да ги понесе моментот. Ќе се фатите себеси како си велите „Дали навистина го мислеше тоа?“. Колку подолго се случува ова, толку повеќе ќе бидете збунети. Доколку имате проблем да им верувате на луѓето како последица од претходната врска или генерално премногу анализирате, запаметете дека многу тешко ќе ги прочитате Близнаците.

6 работи кои мора да ги прифатите доколку сакате да ви успее љубовната врска со Близнаци

4. Близнаците живеат во моментот

Ова е една од нивните најдобри особини. Тие се секогаш среќни и забавни и сите сакаат да бидат во нивно друштво. Многу често тие се главните иницијатори на атмосферата на забавите и зрачат со природна енергија која ги привлекува луѓето околу нив. Меѓутоа, ова може да биде голем проблем во врската. Оние кои сакаат да прават планови, ќе почнат да се нервираат поради нивната непредвидливост. А Близнаците може да почувствуваат притисок и да сакаат да се оддалечат доколку некој ги форсира, особено кога станува збор за разговори кои се однесуваат на иднината на врската. Тоа не значи дека тие не се грижат, туку едноставно никогаш не помислиле на тоа.

5. Сексот не им е толку важен

Секако дека им значи до некаде, но за Близнаците самиот сексуален чин не е толку забавен колку возбудата што доаѓа со него. Бидете креативни и не заборавајте дека тие мразат рутини. Никогаш не се препуштајте целосно на работите што ви се познати и пријатни.

6. Близнаците се дистанцираат од нивните емоции

Тешко е да се допре до Близнаците. Ова и ним им паѓа тешко бидејќи длабоко во себе и тие чувствуваат потреба да бидат разберени. Ако сте подготвени вистински да слушате, ќе добиете многу значајни податоци за вашиот Близнак. Тоа ќе ви помогне да изградите емоционална поврзаност и ќе направи да се чувствувате посебни. Навистина е голема реткост кога Близнаците одлучуваат да се покажат во вистинско светло и целосно да се отворат.

Близнаците се постојано насекаде! Меѓутоа, ако навистина сакате да ги задржите и да им погледнете низ прсти за тие некои ситни лични недостатоци, ќе видите дека се навистина неверојатни пријатели и љубовни партнери!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар