Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

Само човек со искрено и посветено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак. Жената родена во знакот на Лав секогаш се развива и се трансформира себеси во чекор со промените во светот. Таа знае дека животот е вреден за живеење и оти тој мора да биде изграден на цврсти темели на вистината. Затоа да се сака Лавица значи дека отчукувањата на срцето во вашите гради мора да бидат силни и искрени.

(1) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

Иако секогаш изгледа храбро и самоуверено, во нејзиното срце има голем сомнеж околу тоа дали може да биде целосно сакана и затоа е подготвена да „покаже заби“ доколку премногу се доближите до местото каде што го крие тој страв. Тоа значи и тест за човекот кој сака да ѝ доближи вистински. Да се сака жената Лав значи да ѝ се биде целосно посветен, а најмногу треба да ја сакате и негувате нејзината ранлива страна. Мора да бидете подготвени дека ќе има моменти кога ќе биде обземена од потребата за трка низ џунглата (низ светот) и таа без никакво објаснување ќе замине.

Таму ќе го впива животот низ сите нејзини сетила, така ќе научи како вистински функционира реалноста околу неа. Оној момент кога ќе помислите дека сте заборавени, нејзиното срце ќе ве замоли да бидете трпеливи, затоа што жената Лав ќе ви се врати, задишана, со срце кое силно бие во нејзините гради и безброј приказни кои ѝ се случиле на патот од нејзината авантура.

(2) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

Лавицата има потреба од слобода за да ја нахрани својата креативност. Таа ќе ве натера да ги видите сите убавини на животот во кои таа знае да ужива. Едноставно сака бидете тоа што сте, ништо повеќе и ништо помалку. Да се сака жена Лав значи да бидете подготвени да ѝ пружите заштита кога таа ѝ е потребна, но и кога нема никакви опасности, оваа жена сака да знае дека може да се надева на вашата закрила во секое време.

Тоа за неа значи дека вистински сте ѝ посветени и оти ја сакате со сето срце. Нејзиниот ум е вистинско богатство на мудрости, од неа можат да се научат прекрасни работи за животот. Доколку сакате да добиете почит од жената Лав, прво мора да научите сами да си се почитувате. Таа со текот на годините станува сè помудра и поотворена кон другите луѓе. Но, искуството истовремено ќе ја научи да владее со себе.

(4) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

Немојте да се изненадите доколку некогаш падне и се скрши пред вас, доколку солзите ѝ навираат како река од очите, а сите емоции кои ги криела во себе избијат како жешка лава од вулкан. Тогаш бидете покрај неа, помогнете ѝ да ги собере распрсканите делчиња од неа, потрудете се да ја врати насмевката на нејзиното лице. Токму тоа ја карактеризира Лавицата. Тоа се ретки моменти на слабост, но кога ќе надојдат се незапирливи. Таа ќе ви биде вечно благодарна за вашата посветеност и искрена љубов.

Не брзајте со донесувањето одлуки за неа, зад цврстиот оклоп се крие мека и ранлива душа. Дајте ѝ време да ги забележи вашите искрени намери и ќе добиете неизмерна љубов и внимание за возврат. Точно е дека Лавицата сака да биде во центарот на вниманието и да има на себе облека и модни додатоци кои светкаат и лесно паѓаат во очи. Но, таа во никој случај не е површна, а под блескавата наметка се крие личност која многу вложува во себе и во својата личност. Нејзиното срце владее со сè, а таа ќе го покажува тоа без ни малку скромност, затоа што зад нејзината моќ стои големо искуство и многу труд. Лавицата не мечтае за дворец на ридот, туку за мала колиба во шумата, создавајќи си простор покрај некоја мирна река, каде што може да ги слуша лекциите кои доаѓаат од сите четири страни на светот.

(3) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

Таа е тврдоглава, но истовремено и љубезна. Таа во себе ги носи и радоста и тагата, како и насмевките и солзите. Иако изгледа горделиво, Лавицата без никаков проблем ќе се наведне и ќе ја допре земјата со своето чело во знак на обожување, благодарност и молитва. Лавицата сè што прави го прави со сето срце. Таа едноставно сака секаде да владее хармонија, како во нејзината душа, така и кај сите луѓе, токму затоа таа е кралица на џунглата.

Жената Лав се сака со целосно посветени срце и душа. Само така ќе можете да го освоите нејзиното ранливо срце, кое умешно го крие зад златните оклопи. Лавицата ќе биде ваша љубовница, пријателка, учителка, водилка…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар