Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има видовити способности!

Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има видовити способности!

Нивната владејачка планета, Нептун, е бог на морето, а е поврзана со потсвеста, соништата и визиите. Овие личности имаат голема верба и надеж, па честопати не размислуваат, туку едноставно чувствуваат. Имаат изразена емпатија и добро ги чувствуваат вибрациите на другите луѓе.

Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има најголеми психички способности!

Станува збор за Рибите!

Тие живеат во свет составен од соништа и мечти, па затоа и не се снаоѓаат најдобро во реалноста. Честопати забележуваат работи што другите не можат, но не се занимаваат со детали, туку со целината. Тие се одликуваат со бујна фантазија, креативност, интуиција и визионерски дух, а често поседуваат и некои ретки таленти и способности. Најдобро работат во мирна и инспиративна атмосфера, затоа што сите негативни влијанија длабоко ги чувствуваат, па тоа знае да им пречи на креативниот процес. Тие се изразуваат преку боите, стиховите и танцувањето, но честопати самите не знаат да ги истакнат и да ги искористат своите способности, туку им треба помош од некој друг.

Знаци што ни покажуваат зошто Рибите се мистични

1. Покрај Ракот и Скорпијата, и Рибите спаѓаат во категоријата водни знак. Во астрологијата, водата е елемент на чувствата. Така, тие се значајни по тоа што секогаш имаат способност да ги согледаат невидливите нешта кои ја покажуваат состојбата на работите уште пред тие да се случат.

2. Исто како Близнаците, Девицата и Стрелецот, така и Рибите се непостојан и променлив знак, што значи дека лесно можете да ги импресионирате.

3. Со Рибите владее Нептун – планетата поврзана со јасновидците и различните видови мистици.

4. Рибите, како последен знак во Зодијакот, му претходат на Овенот, кој пак е прв од хороскопските знаци кога циклусот почнува да се повторува. Рибите сакаат да ги сочуваат вредните остатоци од изминатиот циклус за непознатата иднина која ги очекува. Со една нога во сегашноста, а со друга во иднината, тие често имаат визија за тоа што може да се случи во блиска иднина.

5. Исто како и рибите што не ја гледаат водата во која пливаат, личностите родени во овој хороскопски знак честопати не знаат дека се видовити, особено ако им се јавуваат помали визии.

Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има најголеми психички способности!

Нивното мото е „Јас чувствувам…“

Рибите можат да сонуваат некои работи кои подоцна се остваруваат или пак, да укажуваат на некое важно случување, а нивна најзначајна карактеристика е тоа што лесно ги препознаваат и читаат „знаците“ околу нив. За многу луѓе родени во овој хороскопски знак е важен внатрешниот мир и доколку не го пронајдат можат да се предадат на одредени пороци за да избегаат од реалноста. Меѓутоа, ако сериозно се посветат себеси, брзо можат да постигнат просветлување. Нивното мото е „Јас чувствувам…“ и генерално се водат по своите претчувства, односно интуицијата.

Двојни придобивки

Преку Рибите другите ќе научат како да добијат инспирација од повисоко ниво и како истата да ја преточат во уметност. Исто така ќе може да ја развијат својата интуиција, имагинација, видовитост и поврзување со несвесното. Покрај сѐ, Рибите ги бришат сите граници на материјалниот свет, па затоа и лесно се поврзуваат со Бога.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар