Рибите патат заедно со ликовите, Девицата ги коментира грешките во филмот: Забавен опис на хороскопските знаци во кино

Водолијата внимателно ги гледа не само филмот, туку и луѓето пред неа, па не ѝ е јасно како Рибите може да плачат по само 20 минути од почетокот на филмот. Таинствената Скорпија навива за негативните ликови во филмот, а мрачните сцени се токму она што ѝ причинува најмногу задоволство.

Рибите патат заедно со ликовите, Девицата ги коментира грешките во филмот: Забавен опис на хороскопските знаци во кино

Одењето во кино за многумина е еден од омилените начини за забава и релаксација. Меѓутоа, кога кино-салата е преполна, таму има луѓе со различни карактери и секој од нив придонесува за стекнатото искуство додека го гледате филмот.

Еве што вели хороскопот за тоа како се однесуваат хороскопските знаци додека го гледаат филм.

Овенот ќе му довикува на Близнаците: „Не зборувајте толку гласно, не сте сами!“, додека истовремено ќе ги дели пуканките со Водолијата и ќе ѝ дозволи таа да изеде повеќе.

На Бикот не му е грижа што се случува околу него. Тој се фокусира само на филмот и на најголемата кутија пуканки, кои се разбира, нема намера да ги подели со останатите.

Близнаците сакаат филмови и постојат големи шанси да знаат што ќе се случува во филмот, кој со кого ќе биде заедно и како тој ќе заврши. Тие ги прераскажуваат најавите без некој да ги праша.

Романтичниот Рак ќе се прилепи до Бикот. Додека му се приближува во потрага по заштита, половина од кутијата со пуканки ќе заврши на подот, но тоа не му пречи премногу.

Лавот ќе им шепоти „шшш“ на сите затоа што му се напорни сите оние што шушкаат, јадат и коментираат додека тој сака совршена филмска околина. Затоа што тој го заслужува тоа.

Девицата има око за сите пропусти во филмот. Таа нема да пропушти да го забележи моментот дека на сцената во подрумот на „Титаник“, Леонардо ди Каприо прво имал лисици на левата, а потоа и на десната рака, ниту пак дека авторите на филмот „Боемска рапсодија“ малку ги промениле вистинските случувања од животот на Фреди Меркјури.

Вагата ќе се вљуби до уши во главната улога, па затоа не ѝ е важно дали седи во првиот или последниот ред, затоа што најважно е она што е на филмското пано – најзгодниот актер.

Таинствената Скорпија ќе навива за негативните ликови во филмот, а мрачните сцени се токму она што ѝ причинува најмногу задоволство.

Скорпијата честопати ги споделува своите размислувања со партнерот со кој е во кино, а ако тоа е Овен, тој ќе ја погледне со остар поглед, не сфаќајќи како токму тие делови од филмот ѝ се најдобри.

Саркастичниот Стрелец ќе дофрлува саркастични коментари заедно со Водолијата, без разлика дали се поврзани со дејството на самиот филм или со луѓето што седат во нивна близина.

Јарецот честопати ја покажува својата грижа за другите, а киното не е исклучок. Тој секогаш има марамчиња кои им ги подава на оние на коишто им се потребни, најчесто на Рибите кои плачат заедно со ликовите и на Ракот кој е навреден откако Лавот му се развикал затоа што му пречи додека го гледа филмот.

Водолијата внимателно ги гледа не само филмот, туку и луѓето пред неа, па не ѝ е јасно како Рибите може да плачат само по дваесет минути од почетокот на филмот. Истовремено ги забележува сите пропусти во филмот.

Рибите не ги интересира ништо што се случува во киното, освен, се разбира, самиот филм. Тие дошле во кино со цел да гледаат филм, а многу често си одат со солзи во очите бидејќи се погодени од судбината на ликовите.

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека секој хороскопски знак има непријател меѓу останатите хороскопски знаци, па дознајте кој е вашиот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар