Откријте што сте во хороскоп според ѕвездениот календар

Зарастристичкиот систем е предвесник на сите подоцнежни астролошки системи, па и на современите. Во календарот на зарастристиката се разликуваат 12 месеци, секој во времетраење од 30 дена. Вишокот од 5 дена (или 6 во престапна година) се нарекуваат нулти денови или денови на плач и навреда за напразно потрошеното време. Годината започнува со рамноденица од 20-22 март.

otkrijte-shto-ste-vo-horoskop-spored-dzvezdeniot-kalendar-kafepauza.mk

Овој хороскоп (наречен уште и пресиски) го добил името според пророкот Заратруста. Секој месец во ѕвездениот календар е поврзан со одреден тотем, односно животно кое го претставува карактерот на личноста родена во конкретниот хороскопски знак. Тоа животно се смета за негов заштитник. Но секој знак има и свој антитотем – мрачната страна на личноста. Антитотемот нѐ доведува во искушенија, тој е како ѓаволот. Човек чиј тотем е ваш антитотем ви е непријател, бидејќи тој ги познава вашите мани и доблести подобро од кого било, па е во состојба да ве погоди онаму каде што сте најслаби.

Пронајдете го вашиот тотем и прочитајте што ве чека.

Еж (21 март – 19 април)

Квалитети: бестрашност, верност, големи животни цели

Карактерни особини и изглед: среден раст, добра градба, остар нос и накострешена коса

Ежот во себе носи две спротивставени природи: едната е сурова и немилосрдна, навикната на строг поредок, скептично расположена; додека другата е сентиментална и добронамерна. На прв поглед, ежот делува недостапен, но оние кои имаат блиски контакти со него можат да посведочат колку е нежен и сочувствителен. Верува во една љубов за цел живот. Ако доживее разочарување во младоста, многу често останува сам до крајот на животот и тогаш сосема се посветува на работата, најчесто во областа од науката.

Антитотем – змија: Грациозна, магнетски привлечна, однадвор заводлива, но носи многу мрачни работи во себе. Напаѓа така што ги „успива“ противниците кои ќе стекнат доверба во неа и им задава удар кога најмалку очекуваат.

Слон (20 април – 19 мај)

Квалитети: моќ, здрав разум, упорност, добра меморија

Карактерни особини и изглед: висок раст, крупна градба, изразени црти на лицето

Слонот ретко се збунува, нетрпелив е, упорен, сериозен и темелен. Неговиот дом и семејството се под голема заштита. Тој е одличен домаќин. Ако слонот ви е пријател, тој ќе ви помогне по секоја цена. Ако треба и планини ќе помести за вас. Нему можете да му ја доверите најодговорната и најтешката работа. Тој е одличен раководител.

Антитотем – глушец: Суетен, без здрава амбиција, зајадлив, пресметлив, на прв поглед снаодлив. Умее да се снајде во секакви околности, но кога ќе му згусне бега во својата дупка.

Златен зајак (20 мај – 18 јуни)

Квалитети: оптимизам, големи познавања во разни области, тежнеење кон совршенство

Карактерни особини и изглед: нежно овално лице, златести кадрици, складна фигура

Внесува радост и смеа во секое друштво. Духовит е, темпераментен и речит. Нема некој со кого не може да најде заеднички јазик. Многу е шармантен и знае да се забавува. Се труди да не им создава проблеми на другите. Зајакот како да е заштитен од некоја виша сила во сите полиња. На пример, кога е болен, најдобриот лекар случајно ќе биде на смена, ако купи ливче за лото, големи се шансите дека ќе добие премија. Има одлично здравје и долго останува млад.

Антитотем – воден стаорец: Злобен, пренесува зараза од секој вид, се вмешува во сплетки, кавги и клетви. Лукав и расипан, но притоа не баш паметен. Амбиции не му недостасуваат. Во секој момент е подготвен за напад.

Дабар (19 јуни – 18 јули)

Квалитети: вреден, професионален, патриот

Карактерни особини и изглед: среден раст, надуена градба, чуден, но брз од, ненадејни движења и гласно изразување радост

Најдобрата животна улога за него би била онаа на професор или учител. Тој со задоволство ги споделува своите знаења со други. Веднаш наоѓа заеднички јазик со децата. Дружејќи се со него, луѓето ги покажуваат своите најдобри особини. Дабарот често треба да направи тежок избор: помеѓу приватниот живот или науката, помеѓу образованието или во професијата… Што и да одбере, сигурно ќе биде успешен.

Антитотем – пајак: Црн, кревок, обично со пискав глас и појава која веднаш паѓа во очи. Ги има научено манирите, но не може да се рече дека делува фино. Напаѓа зад грб кога има шанса, а кога нема, зајадливо навредува пред сите.

Орел (19 јули – 17 август)

Квалитети: чесен, одлучен, дисциплиниран

Карактерни особини и изглед: висок раст, достоинствено држење, крупни очи и остар профил

Орелот скоро не може да направи нешто недостојно. Тој има вроден кодекс на честа. Судбината често го наградува со добар живот и голема среќа во љубовта. Тој често се заљубува на прв поглед, а ако чувствата се взаемни, како во бајка заедно ќе заминат во палатата.

Антитотем – скакулец: Сее злоба помеѓу луѓето, непредвидлив и лесно може да избега. Зад своите дела остава пустош и несреќа од кои луѓето тешко се опоравуваат.

Вепар (18 август – 16 септември)

Квалитети: витештво, душевна чистота, проникливост

Карактерни особини и изглед: среден раст, силна градба, немирна коса, ситни очи

Вепарот е жесток и секогаш се движи директно кон целта. Знае да се снајде и во најтешките ситуации. Преферира физичка работа, па затоа често има бавча или имот. Тој е во потрага по својата сродна душа и по правило, дури во зрелите години основа семејство околу кое ќе му се врти целиот живот. Обично има многу деца.

Антитотем – крокодил: Не сака никого и ако може да напакости, со задоволство ќе го направи тоа дури и ако нема некоја особена корист. Чека поволен момент за да го нападне и уништи противникот. Ако е потребно, со години ќе седи мирен и ќе се подготвува за напад.

Коњ (17 септември – 16 октомври)

Квалитети: слободољубие, тврдоглавост, постојана потрага по нешто ново

Карактерни црти и изглед: витка градба, станува покрупен со годините, долг врат, тесно лице

Коњот внесува ведрина во секое друштво. Сака да биде окружен со многу луѓе и ја сака тимската работа, кога до израз доаѓаат неговите најдобри особини. Добро се чувствува во големо семејство. Главно има правилно однесување во животот, но одвреме-навреме со својата необузданост знае да направи проблем.

Антитотем – жаба: Крастава, лигава, оџарени очи и со непријатна боја на гласот. Секогаш наоѓа оправдување за своите постапки. Подлоста и лагата не и се непозната работа.

Чавка (17 октомври – 15 ноември)

Квалитети: мудрост, проникливост, тежнеење кон усовршување и совршенство

Карактерни особини и изглед: среден раст, потемна коса, посилно изразен нос и длабоки темни очи

Изгледа сериозно, дури и злокобно. Чавката не може да се покори, но ни самата не сака да владее. Најмногу ѝ лежат соло улогите. Одговара само за себе и за своите постапки, но не бега од одговорност. Знае да се дистанцира од луѓето што не ѝ се допаѓаат. Често е видовита. По правило, подоцна стапува во брак или воопшто не заснова семејство. Во нејзиниот круг на пријатели влегуваат само одбрани луѓе, најчесто истомисленици.

Антитотем – пупунец: На прв поглед поттикнува сожалување, бидејќи навистина е јаден, секогаш во долгови и со големи семејни проблеми. Но, не треба да го жалите бидејќи тој ужива во својата несреќа. Тој е енергетски вампир кој ја цеди целата енергија од луѓето.

Петел (16 ноември – 15 декември)

Квалитети: импулсивност, одговорност, домаќински тип

Карактерни особини и изглед: нешто повисок од среден раст, убаво лице, впечатлив поглед

Иако е импулсивен и реагира на сѐ и сешто, и на тоа што е и на тоа што не е негова работа, петелот е многу дисциплиниран и практичен. Тоа особено доаѓа до израз во семејството бидејќи постанува столб на куќата. Вешт е со рацете и умее да направи многу со нив. Обично работи неколку работи одеднаш. Не може да седи на едно место, често патува и многупати се сели.

Антитотем – јастреб: Намерно сака да ги угнетува послабите и секојдневно да подбуцнува чисто од хоби. Изјавите му се секогаш злобни, кажани со намера да навредат.

Лос (16 декември – 14 јануари)

Квалитети: постојан, тврдоглав, рационален, сака чиста сметка

Карактерни особини и изглед: висок раст, пропорционална градба, крупни очи

Лосот е разумен и трезвен. Кога нешто прави, оди до крај и обично постигнува одлични резултати. Во состојба е сѐ да доведе до совршенство. Пред себе си поставува забрани и си одредува задачи. Може да истрпи што било, доколку види дека има смисла. Ги цени роднинските и пријателските врски. Има добар карактер, но само за оние кои му се блиски и кои ги сака. Живее долго, а косата му побелува малку подоцна одошто на другите.

Антитотем – бубачка: Мрсна, задебелена. Секаде ја има и напаѓа зад грб кога најмалку очекуваме. Ги бара најслабите точки на противникот и таму напаѓа. Сурова е и цинична.

Камила (15 јануари – 13 февруари)

Квалитети: трагање по вистината, независност, пожртвуваност

Карактерни особини и изглед: импозантна, крупна градба, големи и полни усни, малку сплескан нос

Камилата е многу нестрплива. Ја цени слободата и независноста. Секогаш е спремна да ја бара вистината, каква и да испадне. Ретко е во неволји. Во бракот е многу среќна, но за да дојде до таа среќа подготвена е и неколкупати да се разведе ако е потребно.

Антитотем – црна мачка: Сензуална, отмена, задоволна од својот живот. Голем интригант е. Води двоен живот, дури и кога е во брак. Има двојна личност, бидејќи во себе спојува два квалитети – на домашна и на дива мачка.

Куче (14 февруари – 15 март)

Квалитети: оптимизам, самоиронија, посветеност на идеите, дрскост

Карактерни особини и изглед: малку потемен тен, среден раст, овално лице, длабоко всадени очи

Кучето е најверниот чувар на домот. Се труди да го одржи редот и поредокот во својот живот. Ретко се издига до големи височини во животот, и ако нешто постигне веднаш му се покажува каде му е местото. Одличен е во чувањето на семејството и воспитувањето на децата, но е голем противник е на мешањето на раси и народи, па секогаш „лае“ кога ќе се случи такво нешто.

Антитотем – хрчак: Остава впечаток на симпатичен и весел човек, но може да донесе многу неволји. Ќе избега и од оној што му дава храна. Подол, завиден и развратен.

Делфин (16 – 20 март)

Квалитети: искрен, го привлекуваат пороците, префинет и сочувствителен

Карактерни особини и изглед: низок, силна градба, детски шарм во текот на целиот живот

Делфинот го гледа животот како голема игра. Без разлика на таквата незрелост, тој е под заштита на вишите сили. Кој ќе се осмели да го навреди, ќе биде казнет.

Антитотем – ајкула: Ненаситна, избувлива и рамнодушна кон туѓите неволји, ајкулата како метла расчистува сѐ од својот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Strelec Reply

    Како не! Петелот домаќински тип! Нема шансии!

Остави коментар