Обратете внимание на соништата: Како ќе ни влијаат месечевите мени до 2.12.2021 година?

Обратете внимание на соништата: Како ќе ни влијаат месечевите мени до 2.12.2021 година?

Младата Месечина во знакот на Скорпија чија енергија ја чувствуваме од 4 ноември, нè кани да го пронајдеме мистичното и мистериозното во турбуленциите на нашето секојдневие. Подготвени сме да нурнеме подлабоко во нас самите, да ги истражиме нашите чувства и да се спознаеме себеси. Тоа нема да биде воопшто лесно затоа што ќе наидеме на многу стравови, грешки и предрасуди.

Обратете внимание на соништата: Како ќе ни влијаат месечевите мени до 2.12.2021 година?

Обратете внимание на соништата, запишете ги и дешифрирајте ги нивните скриени пораки.

Скорпијата, Водолијата, Стрелецот и Близнаците ќе бидат особено активни и креативни во бизнисот. Одлучно ги држат конците во своите раце и се подготвени за неопходните промени, не само на деловен туку и на приватен план.

Бикот, Ракот и Јарецот ќе ја насочат својата енергија кон достигнување ново ниво во нивната интимна врска. Сепак, ако се наоѓаат во лоша врска, можеби е подобро да стават крај.

Лавот и Вагата ќе се позанимаваат со голема генералка во домот проследена со отстранување на сè што е непотребно, од облека до мебел. Тоа ќе им обезбеди простор за сите убави и нови работи кои полека ќе влезат во нивниот живот.

Овенот, Рибите и Девицата овој период ќе бидат рамо за плачење и личен терапевт за своите пријатели. Добро би било вниманието да го насочат кон читање книги, следење курсеви или предавања на тема психологија, духовност или мистицизам.

Полната Месечина во знакот на Бик на 19 ноември ќе биде повик да ја воспоставиме нашата внатрешна рамнотежа. Ова ќе биде време кога ќе почнеме да ги примаме сензациите со ширум отворени сетила што ќе нè направи порадосни. Храната, музиката, мирисот и убавината на светот што нè опкружува ќе придонесат да ги наполниме батериите и така да ја дочекаме зимата.

Ваквата енергија ќе им биде најмногу од полза на Овенот, Лавот и Стрелецот кои ќе имаат можност да бидат среќни и да создадат нови вредности во нивните животи.

Бикот, Скорпијата, Јарецот и Ракот ќе бидат весели и неодоливо романтични. Ќе најдат начин како да ги остварат нивните најголеми желби, особено на љубовен план.

Вагата и Водолијата ќе наидат на сомнежи и неодлучност. Астролозите им препорачуваат дека не мора за сè да имаат одговор и објаснување и понекогаш е потребно спонтано да им се препуштат на чувствата за вистински да уживаат во животот.

Девицата и Рибите ги зацврстуваат своите идеи и ставови кои полека се обликувале во претходните месеци. Сега се целосно сигурни каде и во што сакаат да ја насочат својата љубопитност, што сакаат да научат и каде сакаат да патуваат.

Откако дознавте како ќе ни влијаат месечевите мени во следниот период, можеби сакате да направите и тест кој ќе ви открие детали за вашиот карактер, способности и ќе ви даде порака преку вашата омилена слика со Месечината.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар