Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела? - Part 2

Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Вага

Љубов: Ќе бидете среќни што другите ве разбираат. Ова ќе ви ја зголеми довербата во љубовната врска, но и вашите очекувања од саканата личност. Оние, пак, кои сè уште ја бараат својата сродна душа, ги очекува нови познанства.

Кариера: Енергијата што ќе ја чувствувате овие денови ќе ве поттикне да преземете нови деловни потфати, а вие ќе бидете умешни, креативни, конструктивни и жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзете со другите, особено со оние кои не работат на истото работно место како вас.

Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Скорпија

Љубов: Доколку сè уште барате сродна душа, обратете внимание на луѓето во вашата работна средина. Доколку, пак, сте во врска, ве очекуваат моменти на мир и хармонија со партнерот.

Кариера: Некои од вас ќе се обидат да им помогнат на оние кои тукушто почнуваат со работа, а други, пак, ќе бараат можност за работа некаде далеку, ако е можно на друг континент.

Стрелец

Љубов: Оваа недела ѕвездите ќе ви бидат наклонети во поглед на љубовта. Така, многу врати ќе ви се отворат полесно од вообичаеното, па ќе бидете поканети на интересни дружења и настани. Прифатете ги поканите и уживајте во новите познанства.

Кариера: Некои од вас ќе се фокусираат кон куќните задолженија, па затоа ќе побараат неколку слободни денови од работа. Тоа ќе се покаже како полн погодок.

Јарец

Љубов: Со партнерот ќе сакате повеќе да уживате во мирот и тишината. Така, повеќе ќе сакате да останете дома или во природа наместо да излегувате и да се дружите со пријателите.

Кариера: Се чини дека нема да можете да влијаете многу врз моменталната ситуација. Ќе морате да се прилагодите во овој момент, но тоа не значи дека нема да можете да ги менувате работите подоцна. Сепак, обидете се да не се грижите премногу околу тоа бидејќи сè ќе си дојде на свое место.

Водолија

Љубов: Доколку не очекувате ништо спектакуларно, ќе бидете задоволни. Доколку, пак, фантазирате за некаква љубовна авантура, ќе се почувствувате фрустрирано. Оние, кои се во врска, ќе уживаат во мирната домашна атмосфера.

Кариера: Овие денови вашиот деловен интерес ќе биде насочен кон областите каде што не сте експонирани. Можеби ви звучи чудно, но големи се шансите за успех во иднина токму во една од тие области. Доволно е да ги отфрлите вашите предрасуди.

Риби

Љубов: Некои од вас ќе уживаат во љубовната врска, а други ќе се препуштат на дискретна потрага по сродната душа. Нема да се истакнувате многу, но тоа не значи дека нема да копнеете по љубов. Напротив, повремено ќе ве измачуваат силни копнежи.

Кариера: Уморни сте од работењето „во сенка“ и едвај чекате да дојдат до израз вашите вештини. Деновиве полека ќе се отвори една врата, но треба да почекате уште малку за таа да блесне во полн сјај. Затоа, бидете трпеливи.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за октомври.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар