Не пропуштајте ја астролошката прогноза за овој викенд! - Part 2

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за овој викенд!

Вага

Авантурата ќе тропне на вашата врата во петок додека Месечината во Близнаци ја осветлува вашата деветта куќа. Ако не можете да ги спакувате куферите и веднаш да одите на патување, дефинитивно можете да го испланирате вашето следно патување. Сепак, не преземајте работи што не можете да ги исполните бидејќи спојот на Месечината и Марс бара практичност.

Не пропуштајте ја астролошката прогноза за овој викенд!

Скорпија

Романсата ќе тропне на вашата врата овој петок, бидејќи Месечината во Близнаци ќе го осветли вашиот интимен сектор и затоа планирајте состанок бидејќи нема да бидете разочарани. Месечината во Рак, пак, ќе ве поттикне да излезете во светот и да уживате во нови глетки, звуци и врски.

Стрелец

Денес Месечината во Близнаци го осветлува вашиот партнерски сектор кој се усогласува со Венера, Сонцето и Сатурн. Испланирајте го денот според желбите на вашиот партнер и ќе бидете воодушевени од исходот, особено во сабота наутро кога Марс ќе се спои со Месечината. Тоа ќе ви го исполни животот со ентузијазам и енергија.

Јарец

Денес ве очекува огромен успех на работата бидејќи Месечината во Близнаците го осветлува вашиот сектор за кариера. Саботната врска меѓу Марс и Месечината, пак, може да ја олесни прекумерната работа.

Водолија

Денес Месечината во Близнаци ќе ве поттикне на романса додека се движи низ вашата петта куќа. Планирајте ноќно излегување и дозволете страста да владее кога Месечината ќе се поврзе со страсниот Марс во сабота наутро. Само погрижете се правилно да ги прочитате сигналите. Во недела, Месечината во Рак во вашиот сектор за здравје и благосостојба ве поканува да се грижите за себе, да се опуштите и да уживате во заслужениот ден за одмор.

Риби

Денес Месечината во Близнаци ќе внесе прекрасна енергија во вашиот дом и семеен сектор. Спојот Месечина-Марс во сабота наутро ќе ве разбуди рано за да можете да ги завршите сите оние обврски кои не сте успеале да ги завршите во текот на претходниот ден. Во недела, Месечината во Рак ќе ви помогне да се истакнете со вашата креативност.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за октомври.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар