Најведриот хороскопски знак кој размислува најбрзо од сите

Овие луѓе се како ветар – одат насекаде, гледаат сè и постојано откриваат нешто ново. Нивниот дух е ведар, а карактерот им е нестабилен. Имаат детска душа дури и на 90 години. Станува збор за Близнаците.

Најведриот хороскопски знак кој размислува најбрзо

Со Близнаците владее Меркур, па главни карактеристики им се брзината, спонтаноста и неверојатните комуникациски и дипломатски вештини. Лесно се прилагодуваат и секогаш сакаат да научат нешто ново. Ова се луѓе кои ги одржуваат контактите со другите, секогаш се во тек со новостите и први се кога треба нешто да се најави. Близнаците секогаш имаат одговор на прашањата кој, каде, кога, што, како, со кого и зошто.

Најдобрите професии за нив се новинар, менаџер, продавач, таксист, инженер за телекомуникации, телефонски оператор, но и дипломатските професии. Листата е навистина долга, но главна карактеристика е секогаш интеракцијата и контактот со други.

Близнаците лесно создаваат нови познанства и не им е страв да понудат помош. Одлично им одат странските јазици и сакаат да научат многу. За нив никогаш не е доста од знаење и вештини. Тешко им е да го задржат вниманието на едно нешто, па неопходно е постојано да бидат зафатени.

Ако седат предолго, безброј пати ќе се преместат од едно на друго место. Кога патуваат на поголемо растојание, секогаш се опремени со најсовремената опрема за комуникација. Постојано објавуваат фотографии и статуси за нивниот живот на социјалните мрежи.

Лесно ќе ги препознаете по широката насмевка, лесниот од и дупчињата на образите или брадата. Жените Близнаци секогаш ги средуваат ноктите и најчесто ги лакираат со светли бои. Кога станува збор за шминката, исто така сакаат светли нијанси. Мажите се секогаш во тренди облека и притоа одлично ги комбинираат спортскиот и формалниот стил. Ги сакаат боите и вешто си играат со нив. И двата пола сакаат модни додатоци. Дамите почесто одбираат додатоци за коса, додека мажите сакаат марами. Мобилните телефони и останатите електронски направи секогаш им се на дофат. Ако до вас има Близнак, секогаш ќе имате од кого да позајмите полнач за телефон.

Нивната непостојаност и нетрпеливост прави често да забораваат што кажале. Сакаат да ги почитуваат договорите и ветувања, но треба да ги потсетувате. Лесно ги превидуваат работите, забораваат да ја платат сметката или да достават некој важен документ. Но, со Близнаците секогаш ќе бидете во центарот на вниманието, ќе ги следите модните трендови и културните настани.

Во емотивните односи бараат слобода и ведрина. Често бегаат од тешките теми и сериозните разговори. Не ги сакаат прашањата без одговор. Бидејќи се прагматични и практични, не се задлабочуваат во тоа што сакал да каже авторот. Сакаат комуникација во живо.

На Близнаците мора отворено да им ја покажете вашата наклонетост, а повлекувањето го сметаат за незаинтересираност. Љубовта најмногу ја доживуваат како одлична комуникација помеѓу две души. Тие бараат партнер со кој ќе можат интелектуално да се сложуваат. До нив сакаат личност која ќе ги поддржува и која е подготвена за акција. Кога ќе се заљубат стануваат хиперактивни и имаат потреба многу да зборуваат. Партнерот не смее да ги наговара на ништо. Секој притисок го гледаат само како повик за продолжување понатаму.

Близнаците се подвижни и витални, па долго го задржуваат младешкиот изглед. Сакаат да работат навечер и да спијат наредниот ден до подоцна. Имаат многу енергија, па пожелно е да се занимаваат и со некој спорт. Одлично им одат тенис, бадминтон и голф. Голем број успешни тенисери се родени во овој знак.

Слабите точки на Близнаците се белите дробови, јазикот и дишните патишта. Чувствителни им се рамената, клучните коски и прстите на рацете. Не се внимателни во сообраќајот и на улица, па треба да бидат особено претпазливи кога поминуваат на раскрсница.

Ако не знаете што да им подарите за роденден, одличен избор е некој додаток за нивниот телефон или таблет. Ако сакате да одвоите поголема сума пари, можете да ги изненадите со телефон, таблет или нешто слично. Близнаците исто така се љубители и на моторите и автомобилите. Ако одбирате парфем, тоа нека биде најновиот во парфимеријата, со ноти на каранфил и цитрус.

Погледнете и зошто Близнаците се најдобрите пријатели што можете да си ги замислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар