Младата месечина во мај 2020 најмногу ќе влијае на овие 4 хороскопски знаци

На 22 мај ќе започне нов лунарен циклус со млада месечина и ова е идеален период да ја насочите својата енергија кон новите почетоци, да одвоите време за себе во текот на претстојниот викенд и да се обидете да го исчистите вашиот ум од ментален неред. За некои хороскопски знаци, оваа млада месечина може да биде како затишје пред бура, но хороскопските знаци што најмногу ќе бидат погодени од оваа млада месечина ќе се чувствуваат како бурата веќе да започнала.

Младата месечина во мај 2020 најмногу ќе влијае на овие 4 хороскопски знаци

1. Близнаци

За време на младата месечина, може да се чувствувате напнато, но ќе имате можност да ги соберете сите ресурси и да започнете да градите нешто што долго ќе трае. Оваа млада месечина ќе ве натера да погледнете во себе и да ги анализирате вештините што ги поседувате од раѓање и оние што сте ги развиле со текот на времето. Одвојте малку време и размислете како да работите попаметно, а не понапорно. Дозволете ѝ на вашата имагинација да ве води кон некои планови во реалниот свет.

2. Девица

Во последно време, многу често размислувате за себе преку очите на другите луѓе. Сепак, сега е време да ги ставите вашите сопствени потреби пред сè останато, а новата месечина ќе ви помогне да ги решите прашањата што ве спречуваат да го постигнете тоа што сакате. Ако сметате дека партнерот ве спречува да успеете во нешто, можеби е време да направите чекор назад и да ги преструктуирате вашите лични цели. Не жртвувајте ја својата визија за некој друг. Во животот ви требаат луѓе кои ве поддржуваат додека чекорите по вашиот пат.

3. Стрелец

Ќе почувствувате позитивна енергијата во сферата на љубовта и на врските. Овој циклус ви носи корисни информации од партнерите (од минатите или од сегашниот) за тоа како да создадете подобри односи во вашите врски. Додека влијанието на младата месечина може да ги направи другите да се чувствуваат збунето во врска со своите чувства, сепак можете да научите од вашите обрасци и да извлечете корисен увид за љубовта.

4. Риби

Како чувствителен воден знак, вие сте под силно влијание на енергијата на околината. Бидејќи поголемиот дел од времето го поминувате дома поради пандемијата, оваа млада месечина силно ќе ве погоди. Ќе го гледате вашиот дом и ќе размислувате колку е пријатен. Сега е одлично време да создадете простор во вашиот дом за да создадете простор во вашиот ум. Искористете ја енергијата за да создадете духовен свет каде што ќе можете да се повлечете. Овој викенд, можеби ќе се чувствувате збунето кога станува збор за љубовните чувства, но ако се повлечете во вашиот безбеден простор и ги преиспитате вашите чувства, многу работи ќе ви бидат појасни.

Прочитајте што ќе открие секој хороскопски знак во текот на мај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар