Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце! - Part 2

Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!

Вага

Проблемите во вашата љубовна врска ќе станат најинтензивни токму во октомври. Затоа, ќе морате да си го поставите прашањето дали ви е потребна оваа врска и што очекувате од неа. Доколку се одлучите да раскинете, сепак, добро размислете пред да го направите овој потег од кој нема враќање. Ако, пак, сакате да започнете нова врска, дефинирајте ја целта на вашиот однос уште од самиот почеток.

Месечен љубовен хороскоп за октомври: Внимавајте кому ќе му го подарите своето срце!

Скорпија

Во поглед на љубовниот живот во октомври ве очекува бурна и страсна авантура. Речиси сите ваши желби ќе бидат исполнети, а во сето тоа важна улога ќе има вашиот партнер. Покажете му на партнерот колку ви значи сето она што го прави за вас. Доколку сте слободни, внимавајте на оние кои сакаат да заземат важно место во вашиот живот.

Стрелец

Октомври нема да ви донесе позитивни промени, а проблемите кои настанале во септември ќе продолжат да ве мачат. Стрелците родени во декември ќе имаат особено предизвикувачки денови, па така можни се конфликти со партнерот. И оние кои не се во врска нема да имаат можност да го подобрат својот живот, па затоа астролозите им препорачуваат да се опуштат и да му се посветат на личниот развој.

Јарец

Доколку не успеавте да ја пронајдете својата сродна душа во минатото, нема да можете да ја пронајдете ниту овој месец. Но, само оние кои знаат да чекаат можат да ја постигнат својата цел, па затоа бидете трпеливи. Доколку, пак, сте во врска, ве очекуваат мали недоразбирања и несогласувања кои ќе ги решите со разговор.

Водолија

Ќе бидете во прилично нестабилна ситуација бидејќи можно е да настапи конфликт со саканата личност. Тоа ќе придонесе и за појава на недоразбирања и тензии, но не треба да се расправате за тоа кој е виновен туку да се обидете заеднички да најдете решение. Многу е важно да научите да го слушате партнерот кога тој сака да ви каже нешто, особено доколку се работи за конфликтна ситуација.

Риби

Нема да бидете лишени од вниманието на спротивниот пол, па ќе имате можност да бирате меѓу повеќе опции. Доколку претходно сте биле разочарани во љубовта сега ве очекува нова личност која ќе биде полна со љубов и разбирање за вас. Доволно е да наведете уште од самиот почеток на врската што е она што го сакате и го очекувате.

Откако го прочитавте љубовниот хороскоп за октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа оваа есен.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар