Месечен кинески хороскоп за април 2022: Нова енергија е на повидок!

Месечен кинески хороскоп за април 2022: Нова енергија е на повидок!

Конечно пристигна април, пролетен месец кој ќе ни донесе нова енергија. Според кинескиот хороскоп, 2022 година е во знакот на водениот Тигар, што значи акција, одлуки, промени и подготвеност да се ризикува. Откријте што ви предвидува кинескиот Зодијак за април.

Месечен кинески хороскоп за април 2022: Нова енергија е на повидок!

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

За вас април ќе биде месец на големи можности. Ве очекуваат многу средби, ќе запознаете интересни луѓе кои ќе ве инспирираат да работите уште повеќе на личниот развој. Сепак, обидете се да немате предрасуди и да не осудувате никого. Ова ќе биде можност да стекнете нови пријателства кои ќе ви ги прошират хоризонтите во секој поглед.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Овој месец постои голема можност дека ќе бидете вовлечени во сплетки и озборувања. Иако можеби ќе ви се чини примамливо и интересно на почетокот, знајте дека ништо добро нема да ви донесе. Затоа, тргнете се од оние кои шират гласини затоа што никому не му посакуваат добро, туку само се хранат со туѓите проблеми. Вниманието насочете го кон себе и кон луѓето и нештата кои ги сакате.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Овој месец ви претстојат неколку пречки, особено во поглед на здравјето и кариерата. Но, не грижете се бидејќи можете да ги избегнете проблемите на доста едноставен начин: внимателно размислете пред да направите нешто. Логично е да сакате постојано да издвојувате победи на работа, но понекогаш неизбежни се конфликтите со колегите или претпоставените. Однесувајте се мудро и паметно, како вистински дипломат!

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Ве очекува турбулентен месец! Ќе бидете преоптоварени со работните обврски, а од друга страна најверојатно ќе започнете нова љубовна врска која ќе ви предизвика измешани чувства. Обидете се да се препуштите, уживајте во моментот и дајте си време да видите како ќе се одвиваат работите, без многу очекувања. Кога-тогаш, ќе го откриете вистинскиот карактер на новиот партнер.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Во текот на месецот ќе комуницирате со многу луѓе, било на работа, било во слободно време, а тоа може многу да ве исцрпи. Обидете се да си поставите приоритети, да одредите што ви е најважно за веднаш да можете да му се посветите. Работите, пак, кои можат да почекаат, оставете ги настрана, за да не си ја трошите енергијата залудно. Ќе најдете време и да ги анализирате вашите односи со другите. Ќе откриете дека имате за што да бидете благодарни, а тоа ќе ве поттикне да поминувате повеќе време со блиските.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Доколку напорно работевте досега, во април ќе ве очекуваат нови успеси како резултат на сработеното. Вашата кариера ќе оди во нагорна линија, но имајте на ум дека не треба да тежнеете кон промените само затоа што се работи за промена. Ако нешто е добро и оди по својот тек, нема потреба да се менува. Искористете го овој период и за да соберете енергија за следните месеци.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар