Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!

Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!

Денес Марс и Сатурн стапуваат во конјункција. Нивната енергија можевме да ја почувствуваме уште изминатите денови, а таа ќе го достигне својот врв следниот вторник.

Марс и Сатурн во конјункција: Нè очекува голем животен пресврт!

Сатурн е планетата на одговорноста, растењето, должноста и кармата. Нè приземјува и нè тера да се соочиме со реалноста. Марс, од друга страна, нè поттикнува на акција, додека Сатурн ја запира неговата избувливост и разговара со него полека и внимателно.

Не брзајте, имате време бидејќи ништо нема да ви избега.

Кога овие две енергии ќе се спојат, можете да добиете впечаток дека сте „растргнати“ помеѓу желбата да ги направите работите веднаш или полека, сега или да чекате.

Ќе се обидете докрај или ќе се откажете од сè? Само доколку се обидете, ќе го дознаете одговорот. Ако наидете на пречки, застанете за момент, анализирајте и по некое време обидете се повторно.

Понекогаш, неопходно е да се воспостави рамнотежа помеѓу реалното и внатрешниот импулс кој ве тера напред.

Голема е веројатноста дека деновиве се соочувате со важен предизвик, без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот. За да ја донесете вистинската одлука, запрашајте се себеси што ви е важно во моментот, што сакате да постигнете и на кој начин. Потребен ви е јасен и прецизен план.

Поседувате доволно дисциплина, трпение и издржливост. Од друга страна, вашата одлука може да доведе до конфликти и да наиде на неочекувани проблеми, но тоа се само предизвици со кои морате да се справите.

Токму тие понекогаш можат да бидат пресвртница поради која сфаќате дека ништо не може да биде постојано исто и дека треба да најдете нови начини на дејствување при што ќе покажете повеќе трпение, одговорност и верба во самиот процес.

Откако прочитавте како ќе ни се одрази конјункцијата на Марс и Сатурн, можеби ќе сакате да прочитате и за кои хороскопски знаци започнува нов живот од 1 април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар