Мал годишен хороскоп за 2016: Погледнете што ве очекува во новата година - Part 2

Мал годишен хороскоп за 2016: Погледнете што ве очекува во новата година

Мал годишен хороскоп за 2016: Погледнете што ве очекува во новата година

Вага

Во текот на јануари ќе ги усовршувате сите вештини и ќе уживате во она што го работите. Февруари ќе биде најдобар месец кога станува збор за кариерата, а односите со вашите родители ќе ви бидат одлични. Во март почнете да медитирате, затоа што истовремено ќе ви почнат проблеми со работата, љубовта и парите. Во април ќе настојувате да ги намалите работните и куќните обврски, а добро размислете кога и каде ќе ги потрошите вашите пари. Во мај ќе треба целосно да се посветите на вашата работа, а можно е да отидете и на деловен пат. Сега е право време да почнете да се откажувате од цигарите и останатите зависности. Во јуни ќе напредувате на работното место, при што ќе имате можност да почнете да штедите. Во јули ќе размислувате за своите работни обврски, а слободните Ваги ќе имаат прилика да најдат и нова љубов. Ова не е добро време за брак. Во септември најмногу време ќе посветите на своите родители и деца. Финансиски ќе бидете стабилни, а сексуалниот живот ќе ви биде потполно стимулативен. Во октомври пак, ве чекаат особено среќни околности. Доколку играте игри на среќа, добивката во ноември ви е гарантирана, а ова е одличен период да купите автомобил или куќа. Не чудете се ако во декември без предупредување се заљубите. Ова е одлично време да ги проширите своите интереси и да научите нови вештини. Во тековната година ќе создадете основа за она што ќе се случува во наредната, па затоа добро размислете кога донесувате важни одлуки коишто ќе влијаат на вашата иднина.

Скорпија

Од самиот старт ве очекуваат потешкотии затоа што во јануари ќе се соочите со повеќе недоразбирања. Во февруари ќе морате да вложите повеќе напори доколку сакате да успеете. Иако ви се чини дека нема никаков ефект, на крајот ќе се уверите во спротивното. Во текот на март ќе дојде до промена на работата, а најверојатно ќе ви биде намалена и платата. Ни на емотивен план ситуацијата нема да биде подобра. Во април ќе бидете фокусирани на семејството и љубовните врски. Хранете се здраво и редовно вежбајте. Во мај ќе морате да бидете и психички и емоционално јаки. Финансиите ќе ви бидат добри, но жените мора да внимаваат на здравјето, особено на градите. Во јули дефинитивно ќе морате да се помирите со ситуацијата и да не дозволите анксиозноста да ви расипе сè. Август е одличен за донесување деловни одлуки, додека пак во септември ќе се случат драматични промени во вашиот живот. Не бидете премногу критични кон сè што ве окружува, баш напротив, пробајте да го прифатите животот онаков каков што е. Октомври е одличен за Скорпиите, било да се работи за пари или за љубовни авантури. Во декември ќе наидете на ситни семејни кавги, но љубовта, здравјето и парите ќе бидат на задоволително ниво.

Стрелец

Почетокот на годината ќе ви биде тежок, затоа што во јануари морате да се трудите многу повеќе отколку останатите за да го остварите она што сте го замислиле. Во февруари ќе правите планови за иднината, но не губете надеж и не престанувајте да сонувате. Сепак, одберете го најдобриот начин како своите соништа да ги спроведете на дело. Март ќе го резервирате за семејството и не би требало да носите никакви деловни одлуки. Април ќе биде тежок месец во сите сфери, но барем ќе имате повеќе пари отколку што сте очекувале. Во мај опуштете се и уживајте во животот. Ве очекува нова љубов во текот на едно патување во странство во јуни, а ова е добар месец и за да се сконцентрирате на работата. Во јули ќе ви се чини дека сите работи се одвиваат бавно. Во август ќе морате да одлучите дали сакате повеќе да се посветите на работата или на семејството. Љубовните односи повеќе ќе се засноваат на секс, а помалку на емоциите. Во септември ве очекува семејна драма, па многу бракови ќе поминуваат низ поголема криза. Посетете кардиолог. Во октомври ќе бидете окружени со пријатели и вашата психофизичка состојба ќе се поправи. Работата и љубовта во ноември ќе стагнираат, но во декември ќе се случи целосна промена, па вие ќе сјаете од задоволство. Искористете го вродениот ентузијазам во текот на овие години, за полесно да поминувате преку животот. Доколку сакате да успеете, излезете од границите на работите кои веќе постојат и посегнете кон новите.

Јарец

Јануари не е вистинско време за донесување одлуки од животно значење, но затоа ќе уживате во среќата на личен план и ќе се чувствувате подмладено. Во февруари повеќе ќе фантазирате во плановите за иднината, а помалку ќе ги реализирате. Во март смирете се и не ризикувајте, додека пак во април треба да се опуштите и да внимавате на мускулите. Во мај ќе се појават семејни проблеми коишто ќе морате брзо да ги решавате, додека пак јуни е добар месец доколку се обидувате да ослабете. Во јули ќе ви бидат неопходни финанси, додека пак во август сè ќе се врти околу сексот и ќе бидете многу задоволни на ова поле. Одлично време за да пронајдете нова работа ќе биде во септември, додека пак уште во октомври ќе го забележите својот просперитет. Декември е дефинитивно ваш месец, затоа што ништо не ќе може да ве запре на вашиот пат кон успехот. Оваа година ќе научите како да се одвоите од досегашниот живот и да почнете светот да го гледате со други очи.

Водолија

Во јануари ќе имате среќа кога станува збор за парите, но ќе се чувствувате премногу лошо поради љубовните односи. Во февруари ќе почувствувате страст и сензуалност каква што до сега не сте имале. Во март ќе плените со својот изглед и шарм, но малку ќе се влошат односите со некои членови од вашата фамилија. Многу ќе се трудите да постигнете успех на работа, но затоа ќе почувствувате болка во мускулите во текот на април. Мај ви носи финансиска нестабилност, но за среќа ќе немате непланирани трошоци, додека пак во јуни треба да поработите на своите вештини коишто би можеле да ви користат во односите со другите луѓе. Во август ќе работите многу, но ќе успеете да одвоите и доволно време за своето семејство. Септември е месец на големи промени. Многу деловни патувања ќе бидат одложени и сè ќе ви оди побавно. Во септември ќе се докажувате на работа, па затоа бидете подготвени за унапредување или зголемување на платата, а можни се и деловни патувања. Ќе бидете социјално активни во текот на ноември, а овој месец е одличен доколку сакате да стапите во брак. Во декември ќе дојде до остварување на сите ваши соништа, кога ќе сфатите дека парите не се најважни во животот, туку личната среќа. Оваа година ќе научите дека е неопходно да направите големи промени во животот за да можете да уживате во иднината.

Риби

Во текот на јануари уживајте со семејството, а тоа освежување ќе ви биде неопходно поради активностите коишто ве очекуваат во наредните месеци. Во февруари ќе правите планови за наредниот период, но очекувајте промени на вашето работно место. Во текот на март ќе бидете прилично конфузни, па затоа припуштете си себеси да отидете на масажа и детоксикација. Во текот на април Венера ќе влијае на вашите финансии и на вашиот љубовен статус, затоа водете сметка за емоциите и менталното здравје. Мај е одличен за напредок во работата и за заработување пари, додека пак осамените Риби би можеле да наидат на нова љубов за забава. Во јуни ќе побарате помош од другите околу вашата кариера. Обрнете внимание на коските и лигаментите. Во текот на јули сè ќе биде поврзано со комуникацијата, а вашата напорна работа конечно ќе се исплати. Така можно е на лесен начин да остварите дополнителни приходи. Акцентот на романтичните врски е во август, но овде не се подразбира брак. Внимавајте на правилното држење на телото, за да не страдате во иднина. Во септември ќе дојде до возбудливи промени, а вие храбро чекорете кон остварување на своите цели. Новата фаза во кариерата стартува во октомври, па затоа и ќе треба добро да ги пресметате вашите финансии. Ноември е одличен за деловни патувања во странство, но и за да отидете на меден месец или пак, да забремените. Во декември ќе бидете полни со енергија и вашето здравје ќе биде на одлично ниво. На работа сè ќе оди по планираното, а ќе биде време и да се припремите за нова емотивна врска. Што и да сте замислиле ќе ви се оствари оваа година. Внимавајте сега да ги донесувате правилните одлуки, за во иднина да не наидете на препреки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар