Лавот ја задржува суетата, а Девицата се жали до крај: Хороскопот открива какви ќе бидете во вашата старост - Part 2

Лавот ја задржува суетата, а Девицата се жали до крај: Хороскопот открива какви ќе бидете во вашата старост

3-lavot-e-izbuvliv-do-smrt-devicata-se-zhali-do-kraj-horoskopot-otkriva-kakvi-kje-bidete-vo-vashata-starost-www.kafepauza.mk_

Вага

Во овој знак се родени големи шармери. Весели се и насмеани, дружељубиви и водат сметка за својот изглед. Најчесто се во центарот на вниманието во своето опкружување. Но, при донесување какви било одлуки, тие се многу неодлучни. Бракот им е нешто најважно, бидејќи тие на животот гледаат како на нешто што треба да се живее во пар. Љубовта и искреноста се нивни ритуали.

Во староста ќе бидат исполнети и среќни ако се заедно со својот партнер. Ако останат сами, ќе се чувствуваат осамено и ќе се обидуваат да ја пронајдат својата подобра половина.

Скорпија

Од најраните денови сакаат да провоцираат, да ги рушат табута и како емотивно незрели личности, да предизвикуваат расправии. Уште во најраното детство е потребно да ги насочувате и да ги набљудувате. Кога ќе се одлучат да запловат во брачните води, тоа го прават доста сериозно и промислено. Доследни се и не толерираат површност и мрзеливост. Сексот им е важен и се обидуваат да го развијат уште повеќе низ врската или бракот. Склони се кон авантури.

И во староста се активни, особено доколку се задоволни со постигнувањата во активната доба од животот. Отсекогаш имале склоности кон спортските активности, па и во оваа животна доба ќе бидат активни во таа сфера. Ако се сами ќе се посветат на проучувањето на сето она што е скриено, окултно, а особено ќе се занимаваат за темата смрт.

Стрелец

Стрелецот уште од дете е весел. Со нив нема големи грижи, сѐ тече изедначено и постепено и уживаат во ведрата страна од животот. Склони се кон слатките и дебелеењето, па затоа треба да водат сметка на таа тема. Кога стапуваат во брак тоа го прават спонтано и галантно. Умерени се и урамнотежени, па сите со задоволство ги прифаќаат. Смислата за хумор кај нив игра важна улога во животот и им помага да ги надвладеат тешкотиите.

Во староста со задоволство ќе ја пренесат својата мудрост и животните искуства. И тогаш нема да ја напуштат смислата за хумор и склоноста за позитивно гледање на животот.

2-lavot-e-izbuvliv-do-smrt-devicata-se-zhali-do-kraj-horoskopot-otkriva-kakvi-kje-bidete-vo-vashata-starost-www.kafepauza.mk_

Јарец

Личностите родени во овој знак во младоста се однесуваат посериозно за своите години, по малку крути и ладни. Зад сето тоа се крие чувствителност, ранливост, амбициозност. Затоа сѐ внимателно се подготвува, се организира, додека тие се однесуваат зрело и контролирано. Обично се во одбранбен став, а во училиште се паметни ученици. Во бракот стапуваат промислено. Влегуваат во заедница со срцето.

Дури во староста овие личности започнуваат да се опуштаат и да стануваат повесели со изразито позитивен став кон сѐ. За Јарците се вели: „Во младоста старец, во староста младич.“

Водолија

Во младоста се истакнуваат во својата околина по некој специфичен талент. Се истакнуваат и по секакви лудории и затоа е потребно да ги контрирате и правилно да ги насочувате. Понекогаш во брак стапуваат нагло и на сосема неконвенционален начин или пак, живеат како испосници одржувајќи некои испрекинати врски.

Во староста се препуштаат на своите желби и склоности за кои немале време да им се посветат во активниот дел од животот. За нив не е чудно дури и во своите 80-ти години да положат возачки испит, да учат или да се посветат на некоја спортска активност.

Риби

Во младоста се деца склони кон сонување кои повремено треба да се „спуштат на земја“. Честопати се успешни и признати во уметничките води. И во бракот се склони за идеализација на партнерот. Навистина уживаат во складен брак.

Во староста конечно се препуштаат на своите склоности и креативност или едноставно денгубат. Понекогаш тоа денгубење трае предолго и треба да го насочат вниманието во некоја корисна насока. Понекогаш од досада и самите смислуваат некои интриги.

А кога ќе започне процесот на стареење, погледнете како вашиот хороскопски знак се справува со староста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар