Конјункција на Јупитер и Нептун: Остварете ги вашите соништа и ставете му крај на минатото!

Конјункција на Јупитер и Нептун: Остварете ги вашите соништа и ставете му крај на минатото!

Од денес Јупитер и Нептун ќе бидат во конјункција, редок астролошки феномен кој се случува еднаш на секои 13 години. Еве што треба да направите за универзумот да ги слушне вашите желби.

Конјункција на Јупитер и Нептун: Остварете ги вашите соништа и ставете му крај на минатото!

Од астролошки аспект, април е посебен месец токму поради денешниот астролошки феномен – спојот на Јупитер и Нептун. Јупитер е планета која ни помага да ги прошириме нашите хоризонти и нè поттикнува да го истражиме нашиот потенцијал. Ако ја споиме оваа енергија со енергијата на Нептун, речиси ништо нема да биде невозможно!

Кружејќи во надворешните делови на Сончевиот систем, овие две планети се среќаваат многу ретко, на секоја 13-та година, а ќе им требаат 156 години за повторно да се сретнат во знакот Риби. Затоа, за последен пат ќе можеме да го видиме овој астролошки феномен токму денес! Што ќе ни донесе синергијата на овие две планети?

Границата помеѓу соништата и реалноста ќе стане нејасна, а кога целосно ќе „згасне“ ќе можеме да привлечеме повеќе нежност и убавина во нашиот свет. На колективно ниво, ова може да резултира и со креативно изразување преку музиката, филмот и литературата.

За да ја прифатите оваа енергија, астролозите ве советуваат да се запрашате што сакате да создадете на овој свет. Идејата е сè што ќе се појави во вашиот живот да го прифатите со сето ваше срце. На оваа врска треба да гледате како можност за нова надеж, но и повеќе инспиративност и креативност.

Истовремено, важно е да бидете реални во поглед на вашите аспирации. Под влијание на Нептун ќе мислите дека сè е можно, но ќе бидете свесни и за можните пречки. Сепак, тоа не значи дека треба да престанете да верувате во вашите соништа. Напротив. Најдете енергија за да ги остварите, а универзумот ќе ви ја пружи помошта која ви е потребна!

Откако прочитавте за овој астролоки феномен, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните датуми во април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар