Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак? - Part 2

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

7. Вага: Бесцелно лутајте низ сокачињата во Будимпешта

Вагата обожава да талка и да ги следи своите инстинкти. Таа сака да ги запознае локалните жители, да ја вдише сета историја на местото и да открива разни затскриени богатства по својот пат. Тоа може да биде на пример посета на кафуле старо 300 години, во коешто се служи најдоброто кафе во Европа или чекорење по калдрма, на којашто на времето витезите ги јавале своите коњи во нивен стил. На сето тоа, додадете добра музика и весел амбиент и Вагата ќе се чувствува како да е во рајот.

Идеална дестинација: Сместете се во некој стар апартман во Будимпешта, со поглед кон романтичните мостови и античките сокачиња.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

8. Скорпија: Ѕирнете во затскриените убавини на Камбоџа

Скорпиите обожаваат меланхолија и сакаат да одат на одмор којшто емотивно ќе ги допре. Дајте им ја потребната атмосфера и историското значење на местото и нивниот апетит за патување, веднаш ќе се отвори. Доколку сакате да патувате со Скорпија, треба да бидете прилично издржливи бидејќи тие сакаат да навлезат во темните страни на универзумот, трагајќи по неговата смисла.

Идеална дестинација: Посетете ја Камбоџа и восхитувајте ѝ се на нејзината беспрекорна убавина и разурнувачки хорор. Исто така, дур сте таму никако не заборавајте да го посетите музејот на геноцидот во Туол Сленг.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

9. Стрелец: Истражете ги егзотичните убавини на Танзанија

Стрелците се како Роми во душа, коишто уживаат во слободата да лутаат без да ги кочат никакви правила или рестрикции. Тие обожаваат авантури и голема е веројатноста дека дома на ѕид имаат закачено мапа, на којашто се обележани државите коишто досега ги посетиле. Нив воопшто не им прави разлика дали ќе спијат во луксузен хотел или под ѕвезденото небо, сè додека имаат нешто за истражување. Некои Стрелци дури одат на патување и никогаш не се враќаат назад дома.

Идеална дестинација: Појдете на планинарење на епската планина Килиманџаро, во Танзанија.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

10. Јарец: Уживајте во некој луксузен ресорт на Карибите

Јарците прецизно ги планираат нивните патувања неколку месеци, па дури и години однапред. Според нив, совршениот одмор треба да биде поеднаков микс од одмор и рекреација. Тие сакаат да имаат доволно време за да се одморат и да им се навратат на недочитаните романи, но воедно сакаат да имаат и прилика да уживаат во убавите нешта коишто ги нуди животот. За нив, престижот е важна работа, па затоа ги одбираат само најдобрите нешта, без разлика дали станува збор за изборот на хотелот, шампањското и сè останато помеѓу.

Идеална дестинација: Опуштете се во величествениот ресорт Баосе Лакжри, на Карипските острови.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

11. Водолија: Дојдете во допир со мајката-природа во Уганда, Африка

Водолиите се слободни патници во душа. Тие се љубопитни личности, коишто сакаат да одат на места на коишто ќе имаат прилика да ја истражуваат природата. Тие честопати чувствуваат длабока конекција со животните, па може и да се пријават да волонтираат да им прават друштво на осамените, загрозени видови.

Идеална дестинација: Појдете на уникатно 90-минутно планинарење во Уганда по стрмнини, во коешто целта на туристите, е да ги пронајдат горилите.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

12. Риби: Пронајдете ја својата нирвана во јога-одморалиште во Шри Ланка

Психичкото здравје на Рибите, во голем дел зависи од тоа што чувствуваат однатре и дали ќе успеат да го пронајдат внатрешниот мир. За овој рибен знак, комплетната рехабилитација на умот и телото со помош на јога, спа-центар и езерце во близина, е најдобриот начин да се чувствува божествено на својот одмор.

Идеална дестинација: За да го пронајдете вашиот внатрешен и надворешен баланс, појдете на 8-дневен јога-одмор во Шри Ланка.

Која е совршената егзотична дестинација за секој хороскопски знак?

Може да ве интересира и кои 3 хороскопски знаци најверојатно ќе се преселат во странство?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар