Кој тренд во состанувањето секој хороскопски знак би сакал да не постои?

Кој дел од состаниците ви е најмалку омилен? Постојат одредени моменти од состанувањето што не ни се допаѓаат. Еве што велат ѕвездите за секој хороскопски знак кога во фокусот ги имаме неомилените трендови од романтичните состаноци.

Кој тренд во состанувањето секој хороскопски знак би сакал да не постои?

Овен

Испраќањето „мешани сигнали“. Посакувате луѓето да бидат поотворени во врска со нивните емоции.

Бик

Преправањето дека не ѝ/му е грижа за ништо. Посакувате луѓето посамоуверено да ги прифатат своите чувства, наместо да се грижат да не остават впечаток на „мекуши“, па глумат дека се премногу силни.

Близнаци

„Пријателствата со придобивки“. Посакувате луѓето да бидат поподготвени да влезат во вистински врски со личностите што ги привлекуваат и ги сметаат за блиски пријатели, наместо да избегнуваат поблиско поврзување.

Рак

Гледањето Нетфликс и „кулирањето“. Посакувате луѓето повеќе да излегуваат на романтични состаноци наместо да си седат дома.

Лав

Ненадејното исчезнувањето на партнерот. Посакувате луѓето да признаат кога не се заинтересирани наместо да „збришат“ и да ве натераат да претпоставувате што тргнало наопаку.

Девица

„Речиси“ врските. Посакувате луѓето поконкретно да ги дефинираат нивните односи наместо да се „влечкаат“ наоколу без никакви обврски.

Вага

Обичниот секс. Посакувате луѓето да бараат подлабока поврзаност и вистинска интимност, наместо да имаат врски за една ноќ, без никакви обврски.

Скорпија

Глумењето недопирливост. Посакувате луѓето да се вложуваат вистински во врските наместо да покажат кој помалку се грижи.

Стрелец

Фазата со разговори. Посакувате да нема толку многу чекори помеѓу фазата: флертување и фазата: сериозна врска.

Јарец

Апликациите за запознавање. Посакувате луѓето повеќе да ги ценат разговорите лице в лице наместо да се обидуваат да создадат врски преку телефон.

Водолија

Играњето игри. Посакувате луѓето да бидат директни со вас наместо да ви се приближуваат и да ве оттурнуваат, во зависност од нивното расположение.

Риби

Токсичните врски. Посакувате луѓето да избираат живот наместо да бидат заглавени во токсична врска со погрешна личност.

Можеби сакате да дознаете и кој е најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар