Каков партнер посакува секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак посакува различен партнер и очекува од него тој да има одредени квалитети. Еве какви партнери бара секој хороскопски знак и кои особини задолжително мора да ги поседува.

 Каков партнер посакува секој хороскопски знак?

На Овенот му е потребен партнер:

  • кој му дозволува тој да води
  • кој има потреба за возбудувања и авантури
  • кој ужива да се забавува и кој сака физички активности

На Бикот му е потребен партнер:

  • кој умее да ја цени финансиската сигурност како и тој
  • кој е страстен
  • кој е романтичен и сензуален

На Близнакот му е потребен партнер:

  • кој цени интересни разговори
  • кој е многу друштвен
  • кој е разигран, спонтан и флексибилен

На Ракот му е потребен партнер:

  • кој е внимателен и грижлив
  • кој ќе направи да се чувствува сигурно и кој го разбира
  • кој ја цени фамилијата

На Лавот му е потребен партнер:

  • кој вистински ќе го обожава
  • кој е разигран и весел
  • кој ќе му биде најдобар пријател

На Девицата ѝ треба партнер:

  • кој може да ѝ помогне подобро да си го организира животот
  • кој ќе ѝ помогне да не биде престрога кон себе
  • кој ќе ѝ влева надеж во животот

На Вагата ѝ е потребен партнер:

  • кој умее да се носи со нејзиното променливо расположение
  • кој е динамичен и секогаш спремен за акција
  • кој ја става врската на прво место

На Скорпијата ѝ е потребен партнер:

  • кој е сигурен и на кој може да се потпре
  • кој има силен сексуален нагон
  • кои ќе ѝ помогне своите емоции да ги држи под контрола

На Стрелецот му е потребен партнер:

  • кој има широки погледи и кој е флексибилен
  • кој има слободен дух и кој е спонтан
  • кој има желба постојано да учи нешто ново

На Јарецот му е потребен партнер:

  • кој е внимателен и грижлив
  • кој ќе му помага да биде оптимистичен и да гледа на светлата страна на животот
  • кој ќе може да му обезбеди удобен семеен живот

На Водолијата ѝ е потребен партнер:

  • кој нема да се труди да ја контролира и да ја промени
  • кој ја сака нејзината единствена индивидуалност
  • кој во нејзиниот живот ќе носи страст и топлина

На Рибите им е потребен партнер:

  • кој е практичен и кој ќе им помогне самите подобро да се запознаат
  • кој ја цени нивната грижлива и чувствителна природа
  • кој е вреден работник и кој не обраќа внимание на тривијалните работи во секојдневниот живот

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар