Како ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5 април?

Како ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5 април?

Полната Месечина во Вага ќе биде на 5 април 2023 година. Вагата е хороскопски знак поврзан со нашите врски и со начинот на кој комуницираме со другите. Овој знак е исто така симбол на правдата, правичноста и потребите и благосостојбата на другите.

Како ќе ни влијае полната Месечина во Вага на 5  април?

За време на полна Месечина во Вага може да забележиме дека во центарот на нашето внимание ќе бидат нашите врски. Кои верувања нè поттикнуваат да станеме онакви личности какви што сакаме да бидеме? Полната Месечина ќе ни испрати исцелувачки вибрации кои ќе направат да се чувствуваме побезбедни. Можеби конечно ќе добиеме самодоверба да ги оставиме или промениме односите што повеќе не ни служат.

Хирон, астероидот познат како ранетиот исцелител, ќе биде особено активен за време на полната Месечина во април 2023 година и ќе ни даде поттик да размислуваме како нашите рани можат да влијаат врз нашите односи. Нашите рани понекогаш може да нè спречат да бидеме целосно присутни во комуникацијата со другите, но енергијата на Хирон ќе нè потсети дека раните не треба да бидат наша пречка. Тие можат да постојат, а сепак да нè водат до место полно со љубов, поврзаност и убавина.

Енергијата на Месечината во Вага ќе ни помогне полесно да се поврземе со себе и со светот околу нас. Честопати сме толку фокусирани на тоа да се поврземе со себе и со нашиот внатрешен свет, но оваа полна месечина ќе нè поттикне и да се поврземе и со другите.

За време на оваа Месечина ќе биде активен и Јупитер. Благодарение на неговата енергија, ќе ни биде полесно да сфатиме каде треба подлабоко да се фокусираме. Јупитер не само што ќе ни го разјасни тоа, туку и ќе ни го истакне и позитивниот аспект, за да можеме полесно да ги цениме и препознаеме добрите работи кои нè опкружуваат.

Откако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Вага, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар