Како ќе ни влијае полната Месечина во октомври?

Како ќе ни влијае полната Месечина во октомври?

Астролозите откриваат дека октомвриската полна Месечина во знакот Овен се одликува со исцелителна моќ. Благодарение на нејзината енергија ќе сфатиме дека промената е неопходна. Ќе го напуштиме патот по кој одевме досега, а тука ќе биде и астероидот Хирон, познат како „мелем за раните на душата“.

Како ќе ни влијае полната Месечина во октомври?

Хирон ни посочува како да учиме од нашите емоционални рани и како да ги искористиме за нашата трансформација. Нè поттикнува да ги користиме тие рани како „енергетско ниво“ за сопственото будење. Можеби сме осамени и тажни, но Хирон е тука да ни укаже на убавината на животот и покрај сите наши проблеми. Тоа ни овозможува да ги третираме нашите рани како тајни места каде се кријат сочувството, интуицијата и разбирањето кои можеме да ги искористиме и да им помогнеме на другите.

За време на полната Месечина на 9 октомври, Хирон ќе го започне своето ретроградно движење при што ќе биде истакната неговата огнена енергија – ќе размислуваме за многу работи од минатото. Ќе се чувствуваме како да сме дошле до крајот на патот по кој чекориме сега, но доколку продолжиме да одиме понатаму, тоа ќе значи дека или сме простиле или сме се откажале. Тоа, пак, само по себе ќе претставува некаков вид исцелување или решение.

Активностите како танцувањето или вежбањето ќе ни помогнат да ги залечиме старите рани. Меѓу другото, ќе имаме можност да направиме голема промена во нашиот живот, особено доколку станува збор за односите со другите. Освен тоа, Венера, планетата на љубовта, ќе биде особено активна за време на оваа полна Месечина.

Доколку постојано носиме маска, не можеме да го изразиме нашето вистинско „јас“ или не можеме да поставиме граници – сето тоа ќе излезе на виделина. Така, ќе почнеме да се прашуваме дали вреди да ја одржуваме врската во која не можеме да останеме доследни на нашата вистинска природа.

За крај, да не заборавиме дека оваа Месечина во Овен ќе има лековита и смирувачка енергија која ќе нè потсети дека животот е убав и покрај сета негова превртливост и непостојаност.

Откако прочитавте за влијанието на полната Месечина во октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар