Како да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?

Како да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?

Сигурно познавате некој маж што одбива да порасне или можеби сте во врска со некој таков. Неговото детско однесување може да биде прилично шармантно, но и исклучително фрустрирачко. Во продолжение откријте дали се состанувате со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак.

Како да знаете дали сте во врска со незрел маж, врз основа на неговиот хороскопски знак?

Овен

Овенот никогаш не признава дека згрешил.

Ако направи грешка или ако ве повреди, тој ја префрла вината на вас или се шегува за тоа. Овенот е импулсивен и прави многу грешки, па би било добро да ја признае вината, но тој никогаш не го прави тоа.

Бик

Бикот нема да оди на лекар дури ни кога е сериозно повреден или кога е очигледно дека она што го измачува не исчезнува.

Може да ви биде тешко да закажете состанок, да направите договор или да одите на лекар, но тоа е нешто што го прават возрасните. Ако има мијалник полн со валкани садови, измијте ги. Не чекајте некој друг да го стори тоа.

Близнаци

Близнаците не се придржуваат до плановите и потоа ве лажат за тоа.

Не е толку тешко да се бидете некаде што сте кажале дека ќе бидете, особено ако сте ветиле дека ќе бидете таму. Но, Близнаците сметаат дека тоа е практично невозможно. Потоа, кога ќе ги прашате за тоа, тие ќе ви кажуваат неубедливи изговори.

Ако не сакате да западнете во неволја, треба да бидете точни и да ги исполнувате своите ветувања. Можеби тогаш нема да имате потреба да лажете.

Рак

Ракот не прави ништо за да ги оствари своите големи соништа.

Навистина е тешко да поверувате дека барал работа кога ќе се вратите дома, кога до него има празна кутија за пица. Добрите работи не ве наоѓаат, вие треба да излезете и да ги барате.

Не можете да не покажете реакција на лицето кога тој зборува за пензионирање на 40 години. Не треба да имате кариера пред да се пензионирате?

Лав

Лавот ќе ве спушти долу за тој да се издигне.

Вие напредувате во кариерата, но тој се обидува да ве натера да верувате дека вашата самодоверба е само претерано его. Наместо да ве фали за вашите достигнувања пред своите пријатели, тој зборува лошо за вас за да не се чувствува како губитник.

Ако не ви е најголема поддршка и не ве мотивира да ги остварите вашите соништа, тој само ќе ве спречува да напредувате.

Девица

На Девицата ѝ треба цела вечност за да одговори на вашите пораки и повици. Очигледно е дека не сте приоритет.

Особено е тешко да добиете информации за нешто што го засега и него, како што е датумот на свадбата на неговата сестра или името на филмот што сака да го гледа. Кога сепак ќе ви се јави, разговорот се одвива во погрешна насока и може да ви спушти слушалка.

Вага

Вагата никогаш нема целосно да ви се посвети и ќе флертува со други девојки пред вас. Овој човек сака да биде сигурен дека има повеќе опции отворени.

Тој понекогаш се преценува, а дел од вас посакува некоја девојка да одговори на неговиот флерт за вие да се ослободите од него.

Скорпија

На вашите пријатели не им се допаѓа вашиот партнер. Очигледно е дека Скорпијата не сака да троши никаква енергија за да се запознае со вашите пријатели и со вашето семејство.

Тој се мурти кога имате гости или кога правите нешто со вашите пријатели без да го поканите. Зошто би го поканиле? Неговото однесување само ќе ги натера сите да го мразат.

Стрелец

Стрелецот одбива да води сериозни разговори со вас.

Секогаш кога ќе сакате да разговарате за нешто сериозно, тој се шегува. Се шегува дури и кога е на сосема несоодветно место, како во црква или на спомен.

На почетокот ви се допаѓаше неговата смисла за хумор, но сега се чувствувате како да сте со петгодишно дете, а тоа ве исцрпува.

Јарец

Јарецот очекува тој да не прави ништо, но вие да работите цел ден и на крајот да направите вечера и да ја послужите.

Очигледно е дека неговата мајка никогаш не го натерала да помага во домашните обврски затоа што тој не знае дека треба да ги поделите обврските во куќата.

Водолија

Водолијата е опседната со видеоигри. Секој слободен момент, ќе го најдете како се бори со чудовишта и со непријатели. Во ред е да ужива во играњето видеоигри, но тој се однесува како тие да се најважната работа во неговиот живот.

Проблемот е во тоа што не игра само еден час, туку 8 часа или повеќе, секој ден. Ако не игра видеоигри, гледа телевизија, обично научна фантастика. Се разбира дека има одлична координација на рацете и на очите, но не поседува никакви други вештини.

Риби

Тој е возрасен човек и сè уште не знае како да ја користи машината за перење. Неговата мајка сè уште ги пере неговите алишта, но и таа му го купува поголемиот дел од облеката.

Во ред е да биде близок со својата мајка, но некои работи треба да ги прави самостојно.

Прочитајте кои се работите што секој хороскопски знак ги цени најмногу за време на средбите со партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар