Хороскопски знак кој дава сѐ за љубовта и верува во бајки

Овој хороскопски знак е подготвен да направи сѐ што е потребно за да го подобри светот во кој живее. Тој смета дека љубовта е најголемата сила во универзумот и вешто знае да управува со неа. Често го критикуваат поради променливото расположение, но тоа е така само затоа што овој хороскопски знак може да почувствува сѐ. Клучот лежи во комуникацијата доколку сакате да ги одбегнете несогласувањата кои можат да доведат до нерамнотежа во љубовната врска.

Хороскопски знак кој дава сѐ за љубовта и верува во бајки

Станува збор за романтичниот Рак! Слатките зборови и добро обмислените изненадувања ќе го издигнат до ѕвездите, но непромислените коментари и непотребното игнорирање ќе го фрлат во бездна на мрачни сомнежи и мисли од типот: „Со што го заслужив ова?“. Не се изненадувајте ако тој има потреба да помине некое време сам, со своите мисли. Неговите емоции се толку силни, што потребна му е изолација од светот за да поминат сите чувства низ него и да може да се врати во нормала.

Одвреме-навреме можеби ќе бидете збунети од неговата способност истовремено да биде и срамежлив и храбар. Треба да бидете многу трпеливи доколку сакате Ракот да се ослободи од цврстиот оклоп што ја штити неговата ранливост. Многу Ракови се држат на дистанца од нивните партнери додека не ја истражат темелно непознатата територија и додека не се уверат дека се работи за вистинската личност, бидејќи тие не знаат да сакаат половично. Иако ја обожаваат спонтаноста, Раковите бегаат од краткотрајните авантури бидејќи себеси се чуваат како подарок за некоја посебна личност која навистина ќе им значи.

Припадниците на овој знак се многу креативни и кога еднаш ќе влезете во нивното срце, засекогаш ќе останете запечатени во нивниот ум. Тие ќе ви дадат сѐ што имаат, а за возврат им е потребно многу малку за да бидат среќни. Доволно е да се чувствуваат сигурно и ценето покрај луѓето кои ги сакаат.

Партнерот на Ракот мора да биде чувствителен. Важно е да знаете дека многумина го имаат повредено, но тој нема да бара од вас да ги излечите неговите рани. Само треба да ја стекнете неговата доверба и потоа целосно ќе ви се препушти. Неговото минато е исткаено со недостојни љубовници само затоа што никој не бил свесен за неговата извонредност.

Хороскопски знак кој дава сѐ за љубовта и верува во бајки

Неговиот најголем подарок е неговото срце. Тој се бори за љубовта, дури и кога сите други се откажале бидејќи тој секогаш го гледа оној блед сончев зрак што му вели дека постои светлина во мракот.

Раковите бараат стабилност иако имаат голем авантуристички дух. Тие сакаат да си играат, да истражуваат и да трагаат по непознатото со личност која знаат дека ќе биде нивната безбедносна мрежа во случај да потфрлат. Среќата ќе ја пронајдат со личност која е самоуверена и која ќе ги поттикнува на развој и животен напредок.

Родените во овој знак се идеални партнери кога станува збор за љубовта, бидејќи тие веруваат во бајки и среќен крај. Цврсто се убедени дека постои вечна љубов и дека двајца заљубени можат да останат заедно засекогаш.

Нивната љубов е чиста, вистинска и посебна. За жал, на многумина не им се верува дека постои таква љубов, па кога ќе ја добијат, ја отфрлаат бидејќи не знаат што да прават со неа, или, пак, ја земаат здраво за готово.

Храбрите луѓе кои се подготвени да ја доживеат љубовта што ќе им ја подари големото срце на Ракот, можеби и ќе успеат да го видат чудото невидливо за останатите. И тогаш, двајца заљубени ќе уживаат во еуфоричната атмосфера создадена од нивниот сјај со кој блескаат само оние кои веруваат во магијата на сопствената бајка.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар