Зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките?

Рибите се романтичен знак што обожаваат да бидат заљубени – барем во теорија. Под водство на Нептун, планетата на фантазијата, тие обожаваат кога ќе бидат освоени од романсата. Со гламурозните Риби владее фантазијата, па затоа и имаат способност сè да направат магично. Тие се нежни и чувствителни, па затоа и ги „омекнуваат“ своите партнери.

Тие се симболизирани од две риби што пливаат во спротивни насоки, и токму тоа многу добро го опишува нивниот пристап кон љубовта. Тие вечно бараат партнер што истовремено ќе им овозможи сигурност и слобода, па можат да бидат зачудени кога нема да ги пронајдат овие две нешта во една личност. Тие исто така и една секунда можат да бидат реалисти, а веќе следната да станат очајни и да избегаат во светот на фантазијата.

Токму затоа и не сакаат да се обврзуваат, бидејќи тоа им ги прави нештата реални, па често би направиле сè за да го избегнат тоа за да останат во својот имагинарен свет. На пример, тие можат бескрајно да се жалат за тоа колку лошо ги третира партнерот, но вистината е дека потајно ја обожаваат драмата бидејќи им ги разгорува пламените на нивната фантазија. Ова може да ги збуни сите нивни пријатели, коишто ги поттикнуваат да стават крај на таа врска… штом се оддалечат од нив, веднаш паѓаат во прегратките на саканиот/саканата. Барем додека не најдат некој подобар. Исто како рибите што го симболизираат нивниот знак, така и тие веднаш пливаат од еден кон друг партнер. И дефинитивно знаат како да ги уловат.

Најголемиот предизвик на Рибите е да се наметнат себеси, па затоа и тешко им е да го побараат директно од партнерот тоа што го сакаат. Тие забораваат дека луѓето не читаат мисли, па можат да станат малку пасивно-агресивни ако не го добиваат тоа што го сакаат. Тоа може да предизвика да скокаат од една во друга врска, наместо да се обидат да ја средат сегашната. Исто така повеќе ги возбудува „играта на ловење“ отколку самата врска, па многу често се губат во флертувањето и искушението на првиот бакнеж, а потоа губат интерес за личноста.

Тие се неверојатно интуитивни, па многу лесно можат да ја почувствуваат туѓата болка – и поради тоа многу лесно се поврзуваат со некого кога заедно минуваат низ тешки денови. Нивната интензивна креативност, желбата да го направат светот подобро место за живеење и љубовта кон сите суштества ги прави совршени парови. На кратко, врската со нив е како од бајките, сè додека партнерот е подготвен да воведе исто толку магија во нивниот однос како и нив.

Фатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислите!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар