Хороскопот и модата: Како подзнакот го дефинира вашиот личен стил?

Хороскопот и модата: Како подзнакот го дефинира вашиот личен стил?

Вашиот сончев знак е есенцијален за она што сте, но подзнакот е тој кој го одредува начинот на кој се претставувате пред другите. Подзнакот има огромно влијание на вашиот личен стил, па токму затоа пронајдете го и откријте како тој влијае врз вашите модни избори…

Хороскопот и модата: Како подзнакот го дефинира вашиот личен стил?

Овен

Вие сте тука за да развиете храброст, а со светот се соочувате со помош на внатрешната самоувереност. За вас е важно да се чувствувате моќно и пријатно, без разлика на она што сте го облекле. Елегантно, спортско, секси или одело создадено за работа, вашето тело мора да се чувствува и да изгледа силно со цел да се покажете во вистинското светло.

Бик

Едноставноста и музиката се вашите сојузници, а вие најмногу ја цените класичната и сензуална ткаенина. Водите грижа за тоа што го носите и купувате класични парчиња облека со цел да ги носите вечно.

Близнаци

Тие се љубопитни, психолошки остри и нивниот концептуален пристап кон животот им служи како начин на кој активно се вклучуваат во светот. Објективноста, патувањата и образованието се вашите најголеми сојузници, а експресивниот стил е вашиот избор. Интересните модни детали и малиот допир на хумор му даваат на вашиот изглед посебен сјај.

Рак

Ракот има чувствителен и субјективен пристап кон животот со чија помош тој се заштитува и го насочува својот идентитет. Токму креативноста и духовноста му се сојузници во оваа цел. Без разлика што носите, вие сте облечени за успех. Имајќи го тоа на ум, секогаш одбирате класика и елеганција наместо нападни комбинации.

Лав

Вие сте креативни, горделиви и имате активен ентузијазам, па токму тоа води и кон разигран и силен контакт со светот. Ваши сојузници се високата самодоверба и водството. Доколку сакате да се чувствувате добро, вие мора и да изгледате добро, па токму затоа сакате да се дотерате за посебните прилики со облека од некој скап бренд кој ќе им покаже на другите луѓе дека вас ви оди одлично во животот.

Девица

Аналитички ориентирана, Девицата работи на префинетост, додека пак развојот на нејзините практични вештини игра клучна улога за нејзината самодоверба. Ваши сојузници се организацијата и природата. Вие можете да бидете многу остри кон себе кога станува збор за вашиот изглед, бидејќи најпријатно се чувствувате во вашата удобна комбинација.

Вага

Вие сте уметничка душа и сте многу активни, но за одржување на рамнотежата потребна ви е мирна околина. Убавината, дипломатијата и интимните односи се вашите сојузници. Без разлика дали станува збор за обична маичка и фармерки или пак, за свечен фустан, вие дури и покрај тоа што се дотерувате првично за себе, ве интересира и тоа што другите го мислат.

Скорпија

Вие сте продорна, интензивна и емоционална личност која својата енергија ја насочува кон храбра и влијателна врска со остатокот од светот. Личниот раст и финансиските партнерства се вашите сојузници. Вие имате суптилна, но драматична харизма која го привлекува вниманието на другите, а со тоа и бара почит од нив.

Стрелец

Вие сте ентузијасти и секогаш подготвени за акција. Ваши сојузници се спонтаноста, духовното истражување, авантурите и животните. Ги сакате многу боите и со оглед на тоа што не ви е страв да го привлекувате вниманието на другите, токму нив ги користите со цел да се претставите како забавна личност која кокетира.

Јарец

Вашиот дух е сериозен, па токму тоа ве мотивира на дисциплина и амбициозни достигнувања. Однесувањата, способноста за процесирање и авторитетот се вашите сојузници. Вие се чувствувате пријатно кога ги имате работите под контрола, а тоа многу често го искажувате преку конзервативната облека. Вие сте ориентирани кон работата и обожавате кога изгледате професионално.

Водолија

Вие сте големи индивидуалисти, а интуицијата и размислувањето се вашите сојузници. Водолијата на сè што носи става свој печат, па дури и кога е во униформа изгледа шик. Вие не ги следите трендовите и не се придржувате кон традиционалните стандарди. Вие самите ги поставувате вашите трендови.

Риби

Рибите се емотивни и неверојатно сензитивни, па токму затоа постојано се обидуваат да создадат емоционален и креативен однос со светот. Нивни сојузници се соништата, духовноста и уметноста. Вашиот личен стил може да биде совршен спој од мистерија, магија и многу гламур.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар