Годишен хороскоп за 2022 година по месеци: Откријте кој период од годината ќе биде најсреќниот! - Part 2

Годишен хороскоп за 2022 година по месеци: Откријте кој период од годината ќе биде најсреќниот!

Јули

Ова ќе биде идеално време за комуникација со нови луѓе, како и обиди да најдете нова љубов или ново пријателство. Постојат шанси во овој период да запознаете личност која ќе ви биде инспирација. Јули навестува и почеток на љубов што може да прерасне во нешто повеќе од обична летна романса.

Годишен хороскоп за 2022 година по месеци: Откријте кој период од годината ќе биде најсреќниот!

Август

Август е идеално време за интелектуална како и за умерена физичка работа. Иако можеби ве привлекуваат ненадејни промени, сепак ова не е добар момент да се впуштате во ризици.

Септември

Првиот месец од есента ќе биде многу клучен период. Се очекува овој месец повторно да се соочите со дилеми. Но, не грижете се затоа што шестото сетило ќе ви помогне да направите избор, како и поддршката од семејството и пријателите.

Октомври

Според астролозите, октомври е еден од најтивките месеци, време кога ќе можете да си ја повратите силата и енергијата. Ќе уживате во друштвото на најблиските.

Ноември

Во ноември ве очекуваат позитивни пресврти што се однесува до приватниот живот. Според астролозите, тоа може позитивно да придонесе за вашиот личен развој.

Декември

Во овој период секој ќе треба да преземе одговорност за секоја сопствена одлука и постапка. Астролозите истакнуваат дека оние кои им наштетиле на другите со своите постапки, ќе „платат“ за своите грешки во декември.

Откако го прочитавте годишниот хороскоп за 2022 година по месеци, можеби ќе сакате да прочитате и која е темната страна на вашиот хороскопски знак и на што треба да внимавате во 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар