Дознајте кој хороскопски знак ќе биде вистински магнет за спротивниот пол ова лето

Дознајте кој хороскопски знак ќе биде вистински магнет за спротивниот пол ова лето

Драги Девици, очекувајте наредните неколку месеци да бидете затрупани со примамливи понуди од спротивниот пол. Страст, флертови и бакнежи на полна месечина се само мал дел од возбудливите случувања што ве очекуваат ова лето.

Дознајте кој хороскопски знак ќе биде вистински магнет за спротивниот пол ова лето

Во јуни, Девиците ќе бидат под големо влијание на ретроградниот Сатурн кој негативно ќе им влијае на професионален план, но затоа, пак, во љубовта ќе им ги отвори сите врати. Нема да треба ни да тропнете, бидејќи понудите ќе доаѓаат од сите страни. Зафатените Девици може да очекуваат дополнителна страст во врската.

Јули е особено поволен месец, бидејќи осамените припадници на овој знак ќе се забавуваат како никогаш претходно. Сето она што Девиците го замислувале на љубовен план, конечно ќе се реализира во текот на овој месец. Имајте предвид дека можно е да се појави некоја стара љубов или да започнете врска со личност која ја познавате подолг временски период, но досега ништо се нема случено помеѓу вас.

Август ќе ви биде резервиран за страст и копнеж, а на вас останува само да се препуштите на флертот и мистериозните погледи. Не заборавајте дека треба да бирате паметно и максимално да го искористите секој момент од летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар