Дали е можна љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Љубовта никогаш не е едноставна. Едни бегаат од оние за кои им е јасно дека нема да им одговараат како партнер, додека пак други, таа спротивност уште повеќе ги привлекува. Понекогаш динамиката и жестокоста на меѓусебните односи може да биде мотив за двете личности подолго да останат заедно, па дури и да имаат успешна врска.

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Кога се работи за припадници на хороскопски знаци кои не се компатибилни меѓу себе, мора да се вложи повеќе труд. Оние кои успеале тврдат дека кога ќе се стигне до саканата цел, среќата е неопислива и повеќе ја ценат љубовта, знаејќи колку било комплицирано да се постигне рамнотежата.

Прочитајте во продолжение кои хороскопски парови се некомпатибилни и проверете дали нивниот однос може да успее.

ВОДА И ВОЗДУХ

Раковите, Скорпиите и Рибите се водени знаци, додека пак, Близнаците, Вагите и Водолиите се воздушни знаци. Нивните меѓусебни врски се турбулентни и динамични, бидејќи на водената група најважни им се чувствата, додека воздушните се водат од интелектот, но тоа не значи дека се емотивно неспособни. Припадниците на воздушните знаци се луѓе кои знаат вистински да сакаат, но имаат потешкотии со покажувањето на емоциите. Тие сметаат дека партнерот подразбира дека е сакан, па затоа не ни имаат потреба да му го кажуваат тоа.

Водените знаци не можат да го прифатат таквиот однос и се разочаруваат во ваквите врски. За нив е крај на светот ако партнерот се фокусира на нешто надвор од врската. Кога воздушниот знак конечно ќе сфати колку за неговиот воден партнер е важно искажувањето на емоциите, тогаш на среќата во овој пар ѝ нема крај. Од друга страна, постои и голема предност за водените знаци кога се во врска со воздушен партнер. Близнаците, Вагите и Водолиите не се опседнати со контрола, па затоа дружељубивите Ракови, Скорпии и Ваги никогаш нема да се почувствуваат ограничено или згушено.

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Рак и Близнаци

За да опстанат, Ракот мора да биде конзервативен во однос на љубовта и семејството и да не ја потенцира ранливоста, а во исто време Близнаците треба да ја скротат својата лежерна природа и да престанат да се однесуваат како да се во пубертет.

Рак и Вага

Потребно е да воспостават меѓусебна почит и рамноправни односи во врската, но и да ги избегнат караниците за тоа кој е главен. Доброто во овој однос е што тие можат да бидат доволно отворени едни кон други и секогаш се подготвени да најдат решение за проблемот.

Рак и Водолија

Водолијата мора да има разбирање за строгите и патријархални принципи на Ракот, како и за неговата непостојана желба за промени. Ракот, пак, мора да сфати дека ѝ значи на Водолијата иако на прв поглед не изгледа така.

Скорпија и Близнаци

Близнаците мора што помалку да флертуваат, бидејќи во спротивно нивната Скорпија може да „откачи“ од љубомора. Од друга страна, Скорпијата мора да биде свесна дека е сакана иако партнерот Близнаци не избира да помине 24 часа со неа.

Скорпија и Вага

Во овој однос, Скорпијата мора да ја скроти потребата за создавање драма, затоа што Вагата секогаш ќе најде начин да ја избегне караницата. Исто како и Близнаците, така и Вагите мора да внимаваат да не го прават својот партнер љубоморен.

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Скорпија и Водолија

Две силни и стабилни личности чија љубов може да успее доколку ги надминат разликите и тврдоглавоста. Тие може да си бидат и најдобри пријатели и страсни љубовници.

Риби и Близнаци

Во оваа комбинација лежи потенцијал за идеален пар, но само ако меѓусебно не ја си згушат детската природа. Близнаците мора да сфатат дека треба повеќе да му се посветат на партнерот, додека Рибите не смеат со својата грижа да ја исплашат немирната природа на Близнаците.

Риби и Вага

Романтична комбинација која се заснова на меѓусебна почит. Дури и кога се соочуваат со поголеми проблеми, тие ќе дадат сè од себе за да го спасат она што заедно го создале.

Риби и Водолија

Тие успеваат да ги надминат меѓусебните разлики благодарение на толеранцијата и искрената желба да бидат поддршка еден за друг. Романтичните Риби ќе направат сè за да го придобијат срцето на Водолијата и да ја научат дека покажувањето емоции е сосема нормално.

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

ЗЕМЈА И ОГАН

Меѓу припадниците на овие групи на хороскопски знаци постои магнетна привлечност и искри кои се видливи и од неколку километри. Сепак, дури и односот да е тежок, комплициран и деструктивен, тие можат да успеат во својата врска. Земјените знаци (Бик, Девица и Јарец) кај огнените (Овен, Лав и Стрелец) може да остават впечаток на премногу внимателни или конзервативни, но и да ги потиснуваат емоциите, што може да доведе до несогласувања.

Од друга страна, огнените знаци, како едни од најтешките и најкомплицираните во хороскопот, може да го изморат својот партнер и да направат да се чувствува како да ја губи контролата врз себе. Но, ако успеат да ги надминат разликите, огнот и земјата може да направат неверојатен тим, чиј живот е исполнет со радост, авантури и возбудувања.

Бик и Овен

Во овој пар постојат љубов и страст, но Бикот не смее да претерува со мрзеливоста, бидејќи за разлика од него, Овенот е енергичен по природа. Овенот, пак, мора да му пружи доволно романтика на Бикот, затоа што не е сè во брзиот секс.

Бик и Лав

Нивните ставови може да бидат крајно различни, но доколку овие два знака веруваат дека нивната љубов може да успее, тогаш ќе направат сè за навистина да биде така. Може да имаат потешкотии во комуникацијата, бидејќи и двајцата се релативно затворени. Мора да се избегне дури и желбата да се има контрола врз партнерот. Кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат најсреќен пар.

Бик и Стрелец

Бикот не смее да се труди да го сруши авантуристичкиот дух на Стрелецот, а тој пак мора на својот партнер да му даде стабилност и постојаност. Откако ќе ги постигнат основните компромиси, ќе можат да изградат вистинска стабилна врска.

Дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови?

Девица и Овен

Девицата е верна и полна со поддршка, а Овенот покрај неа може да ги искуси сите убавини на заедничкиот живот. Во овој однос, Девицата мора да престане со ситничарење, а Овенот да ја сведе импулсивноста на минимум.

Девица и Лав

Тие пронаоѓаат безбедност и доверба еден кај друг. Лавот може да биде заштитник, а Девицата поради тоа да биде вечно благодарна. Мора да се направи исклучок кај театралноста на Лавот и малодушноста на Девицата секогаш кога ќе се појави некој проблем во врската.

Девица и Стрелец

Овој пар е секогаш отворен за компромиси, затоа што и двете страни се свесни дека само така може што подолго да ја задржат љубовта. Стрелецот треба да сфати дека на Девицата ѝ е потребна стабилност, поддршка и заштита, додека пак таа мора да прифати дека Стрелците имаат по малку несериозен пристап кон животот.

Јарец и Овен

Иако на прв поглед се чини дека овие два знака се ривали, тие можат да се потрудат и да ги насочат силите во заедничка корист. Менталната сила на Јарецот може да биде погубна за хиперактивниот Овен, па затоа доколку сака да успее, овој хороскопски знак мора да научи како да ја вложува заедничката енергија за позитивни цели.

Јарец и Лав

Јарецот ќе иницира промени во љубовниот однос, а Лавот со задоволство ќе ги прифаќа. Може да се појави проблем поради дружењето на Лавот со други луѓе, што често може да го остави Јарецот сам со своите мисли. Поради тоа, партнерите треба да поминуваат повеќе време заедно и што е најважно, тоа да го прават насамо, а не со целото друштво околу нив.

Јарец и Стрелец

Меѓу нив уште веднаш се појавува силна физичка привлечност, која потоа преминува во љубов проследена со вистинско пријателство. Сепак, Стрелецот мора да му остави доволно простор на кариеристот Јарец, а Јарецот да прифати дека не може да биде вклучен во сите активности на Стрелецот.

Потсетете се и кои се 7-те нешта што никогаш не се случуваат во среќните и успешните љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар