Астролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?

Астролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?

Дали во 2020 година ќе бидете здрави како дрен или ќе треба да промените некои навики за да имате добра здравствена состојба? Прочитајте што ви открива астрологијата.

Астролошки здравствен картон: Каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година?

Овен

Во 2020 година е потребно да најдете простор за доволно одмор, за релаксација и за спиење. Ќе потрошите многу енергија, па можно е да имате повремен пад на имунитетот. Втората половина од годината можеби ќе ви донесе почести проблеми со ‘рбетот, со зглобовите и со тетивите.

Бик

Крвните садови, вените и циркулацијата ќе ви бидат чувствителни, а можеби ќе имате и проблеми со осцилациите на притисокот. Исто така, ќе ви се зголеми нивото на стрес, така што треба да пронајдете начин да се опуштите. Пролетта е најдобриот период за промена на начинот на исхрана.

Близнаци

Ќе мора повеќе да се грижите за вашиот имунитет бидејќи ќе биде послаб за разлика од претходните години. Исто така, вашиот уринарен тракт и ‘рбетот се многу чувствителни. Постарите луѓе ќе имаат почести ревматски проблеми. Жените родени во овој хороскопски знак треба да посветат посебно внимание на статусот на хормоните и да практикуваат редовни гинеколошки прегледи.

Рак

Обрнете повеќе внимание на здравствениот сегмент бидејќи имате брзо темпо на живот, а сте прилично чувствителни и кревки. Постои можност за пад на имунитетот и почести настинки, но и проблеми со коските и со зглобовите. Чувајте ги бронхиите и белите дробови особено напролет и за време на раната есен.

Лав

Во следната година треба да ги промените животните навики ако сакате да се чувствувате и да функционирате подобро. Вториот дел од годината носи повеќе стрес и зголемена потрошувачка на енергија, така што во овој период вашиот имунитет ќе биде разнишан. Можни се и проблеми со ‘рбетот, со срцето и со крвните садови.

Девица

Постарите лица можеби ќе имаат проблеми со ‘рбетот, со зглобовите, со колената, како и ревматски проблеми. Жените треба да ги проверат своите хормони и тироидната жлезда. Вашата здравствената состојба генерално ќе биде добра, со повремени и краткорочни проблеми.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар