Астролошки суеверија на коишто треба да внимавате: Скршеното огледало е лош знак за Лавовите, а отворениот чадор во затворен простор за Водолиите

Суеверието или празноверието е одбрана против стравот од непознатото, но со суеверието се здобивате со внатрешна вера и чувство на контрола, кои му даваат сосема ново значење на животот. Верувањата се различни, но астрологијата ќе ви помогне да откриете зошто суеверието е всушност врска помеѓу верата и сигурноста. Во продолжение прочитајте кое суеверие може да му донесе несреќа на секој хороскопски знак и што не треба да правите според неговото значење.

Астролошки суеверија на коишто треба да внимавате: Скршеното огледало е лош знак за Лавовите, а отворениот чадор во затворен простор за Водолиите

Овен

Овенот е знак кој е желен за авантура. Тој не е еден од оние кои сакаат да седат дома, но има еден посебен ден кога Овенот треба да остане дома и да се релаксира – петок, тринаесетти. Се верува дека секогаш се случува нешто лошо на овој ден, а Овните треба да останат дома заради својата специфична авантуристичка природа.

Бик

За сите Бикови, наоѓањето паричка се смета за добар знак. Како и да е, најдобро е да не ја допирате бидејќи паричката што ќе ја најдете на улица ќе му го одземе богатството на лицето што ќе ја земе, а Бикот сигурно не го сака тоа.

Близнаци

Не поминувајте под скали. Прво, тоа е опасно, особено ако некој стои на скалите. Повеќето луѓе не поминуваат под скали поради здравиот разум, но Близнаците сакаат да експериментираат, па затоа поминувањето под скали се смета за лош знак за нив.

Рак

Постои прилично старо верување дека не можете да ги избегнете пукнатините во асфалтот, што наводно би можело да создаде проблеми во семејството. Вие отсекогаш сте биле грижливи и приврзани кон вашето семејство, па затоа не одете по пукнатини, барем за да не бидете нервозни.

Лав

Скршеното огледало е добро познат знак, а Лавовите се убави луѓе кои секогаш кога минуваат пред излозите од продавниците го гледаат својот одраз. Велат дека скршеното огледало носи седум години неуспех, но главната несреќа за Лавовите е тоа што веќе нема да можат да ѝ се восхитуваат на својата убавина.

Девица

Чевли на масата. Легендата вели дека кога рударите починале на работа, нивното семејство ги ставило работните чизми на своите најблиски на масата. Не е познато дали ова е точно или не, но Девицата е последниот знак што ќе толерира чевли на масата, дури и да се многу чисти. Ова се смета за лош знак.

Вага

Црните мачки честопати се поврзани со некои моќи на вештерките. Се верува дека ако ви го пресечат патот, црните мачки можат да ви го затворат патот кон вистинска љубов, а тоа воопшто не им одговара на Вагите.

Скорпија

Родителите и наставниците им забрануваат на децата да играат со ножици, а античките Египќани верувале дека тоа може да донесе вистинска лоша среќа. Скорпиите се тврдоглави и веројатно нема да обрнат внимание на она што го кажуваат другите. Сепак, оставете ги ножиците.

Стрелец

Стрелците се навистина несмасни, но имаат одлично чувство за хумор и лесно си се смеат самите на себе. Сепак, истурената сол значи дека ве очекуваат кавги. Ако ја истурите, фрлете ја преку левото рамо и насмејте се – тоа ќе го избрка лошиот предзнак.

Јарец

Не ставајте празно шише на масата – велат дека нема да имате пари.

Водолија

Водолија не треба да отвора чадор во затворен простор. Суеверието за отворениот чадор се појавило во 18 век, а дури и луѓето кои не се премногу суеверни го следат ова правило.

Риби

Многу луѓе го избегнуваат аголот на масата затоа што се верува дека никогаш нема да стапат во брак. Рибите се чувствителни и срамежливи по природа, па можеби треба да се водат според ова суеверие.

Прочитајте кои се специфичностите на секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар