Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

Како и во многу други полиња на животот, така астрологијата наоѓа примена и во изборот на вашата идна професија. Поради специфичностите на секој хороскопски знак, се вели дека луѓето се раѓаат со посебни дарби и способности кои можат понатаму да ги развиваат и од нив да ја изградат својата кариера. Се разбира, секој може да биде она што ќе посака да биде, независно од неговата астролошка предиспозиција. Дури и најсрамежливите знаци можат да бидат најдобрите актери или стенд-ап комичари, а најсамоуверените да се одлучат за посмирена работа како педагози или јога инструктори.

Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

Овен

Овните се силни и одлучни и ги сакаат натпреварите и лидерството. Тие се амбициозни и не се плашат од јавното говорење и големите одговорности.

Најдобри професии: Политичари, претприемачи, извршни директори во медиумски и маркетиншки куќи.

Бик

Биковите се познати по нивната стабилност. Тие се практични, сигурни и одлични стратези, планери и извршувачи.

Најдобри професии: Инженери, компјутерски програмери, техничари, сметководители.

Близнаци

Ова е најсоцијалниот и најкомуникативниот знак во целиот хороскоп. Тие се доста адаптивни и прилагодливи и знаат како да ги пренесат пораките на досетлив и паметен начин.

Најдобри професии: Медиумски координатори, менаџери на социјални мрежи, извршни директори во компаниите за односи со јавност, новинари, забавувачи.

Рак

Лојални, грижливи, интелигентни и емпатични, Раковите можат да го прочитаат сечиј емоционален и психолошки профил. Независно колку заработуваат, тие секогаш ќе сакаат да им помогнат на оние кои имаат потреба од помош и на кои им треба промена во животот.

Најдобри професии: Доктори, психолози, терапевти, професори, социјални или хуманитарни работници.

Лав

Лавовите се родени лидери и иницијатори. Тие самоуверени, харизматични, бестрашни и сакаат да ги држат работите под контрола. Креативни, дарежливи и позитивни, Лавовите лесно ги инспирираат другите околу нив.

Најдобри професии: Адвокати, актери, модни дизајнери, агенти за недвижнини, музичари, режисери, водители.

Девица

Девиците се перфекционисти и обрнуваат внимание дури и на најмалите детали. Тие се организирани, аналитични и прецизни. Тие се добро ситуирани за работи кои бараат силни аналитички способности.

Најдобри професии: Сметководители, истражувачи, уредници, инженери, детективи, графички дизајнери.

Вага

Дипломатски настроени и кооперативни, Вагите можат да бидат одлични медијатори и координатори бидејќи се способни да го донесат совршениот компромис помеѓу две странки. Знаат како да работат со луѓето и се одлични тимски играчи.

Најдобри професии: Дипломати, продавачи, водители, архитекти, консултанти, агенти за патување, репрезентативци во службата за корисници.

Скорпија

Тие се страствени, вредни, информирани и сакаат да решаваат загатки, комплексни мистерии и проблеми. Тие се љубопитни и интуитивни и можат да ја сработат секоја работа што ќе ја почнат.

Најдобри професии: Детективи, адвокати, учители, хирурзи, физичари, археолози.

Стрелец

Стрелците се енергични, авантуристи и успеваат во брзите средини. Ја сакаат промената и не се плашат да ризикуваат. Уживаат во слободата и обожаваат да патуваат и да запознаваат нови луѓе.

Најдобри професии: Продавачи, агенти за недвижнини, учители, водичи за патување, животни тренери.

Јарец

Јарците се одлучни, информирани и секогаш ги забележуваат деталите. Ги сакаат предизвиците и работат прецизно и трпеливо. Тие сакаат да се натпреваруваат и знаат како да организираат големи групи на луѓе, паралелно завршувајќи ги сите останати проекти.

Најдобри професии: Администратори, уредници, банкари, консултанти за информатичка технологија, финансиски советници, нутриционисти.

Водолија

Креативни, досетливи и добри наратори. Водолиите се големи хуманитарци. Неконвенционални и динамични, подобро работат кога се независни и кога имаат мало или никакво надгледување. Нивната работа треба да има поголемо значење или цел.

Најдобри професии: Музичари, писатели, модни дизајнери, хуманитарни или социјални работници, ветеринари.

Риби

Рибите се интуитивни и уметнички настроени. Тие се уникатни, оригинални и иновативни. Рибите се тие кои ги претставуваат новите стратегии и филозофии на работа. Тие се чувствителни, сензитивни кон потребите на другите и знаат секому да дадат сочувство.

Најдобри професии: Артисти, медицински сестри, физички терапевти, филантропи, ветеринари, креативни директори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар