Астрологијата и изборот на факултет

Астрологијата и изборот на факултет

Воздушните знаци се одлични говорници, водените сакаат работа со луѓе, земјените сакаат да го претворат студирањето во пари, додека пак огнените знаци се родени да бидат водачи и шефови.

Астрологијата и изборот на факултет

Огнените знаци се предодредени да бидат водачи, шефови, директори, но и тренери, писатели, па треба да ги имаат овие работи во глава пред да се запишат на факултет.

Овен

Овните се предводници, па затоа треба да се насочат кон такво образование. Тие се добри менаџери, но и одлични професори, писатели, новинари и тренери. Можат да се бават со секоја работа која бара самостојност, бидејќи тешко работат во тим, освен ако тие не се на чело на екипата.

Лав

Лавовите тешко поднесуваат авторитет, наредување и подредена положба. Тие се одлични организатори, шефови, директори, професори и писатели. Исто така, помеѓу политичарите има голем број лавови, но и помеѓу оние кои се бават со јавни работи и работа во медиуми. Економијата и хотелиерството, исто така се одлични опции за овој знак.

Стрелец

Стрелецот мора да има зацртано и дефинирано јасна цел и многу лесно ќе го заврши кој било факултет. Него му е важно само да не патува многу далеку до факултетот, бидејќи лесно ќе забега по нешто друго што ќе му го привлече вниманието по пат. Потоа многу лесно ќе најде оправдание зошто се откажал од стдирањето. На стрелците им лежи туризам, странски јазици, книжевност, новинарство, спорт, филозофија и психологија.

Водените знаци обожаваат да работат со луѓе и да работат за некој друг. Можат да студираат психологија, медицина, но и право.

Рак

Раковите сакаат да работат за народот. Нив ги привлекува работа со луѓе и со деца. Па затоа, тие можат да се запишат на факултет за изучување педагогија, психологија, социологија, но и книжевност, право, а и медицината е одличен избор за нив.

Скорпија

Скорпиите треба прво добро да размислат со што сакаат да се бават во иднина, пред да се запишат на факултет, бидејќи кај нив често се случува да студираат едно нешто, а потоа да се бават со нешто сосема различно. Но сепак, скорпиите дури и кога ќе се премислат, мораат да го завршат тоа што го почнале. За нив идеално е да студираат медицина, психологија и странски јазици.

Риби

Рибите мораат да ги остварат своите планови, особено доколку тоа има врска со уметноста. Меѓутоа, рибите се и во механичките работи, па може да се каже дека добро им лежи конструирање на автомобили. Ги има и помеѓу козметичарите, фризерите, шминкерите, но најмногу помеѓу уметниците. Сликарството, теологијата и психологијата се одлични за нив.

Земјените знаци сакаат во рок да завршат со студирањето, за потоа веднаш да почнат да работат и да заработуваат.

Бик

Биковите сакаат стабилност и тоа што го работат сакаат да им носи пари. Вистински избор за овој знак се уметноста, дизајнот, економијата, агрономијата и нутриционизмот. Доколку не го сакаат тоа што го студираат, тешко дека ќе го завршат. Знаат да го напуштат факултетот доколку сфатат дека дипломата нема да им обезбеди добра и профитабилна работа.

Девица

Девиците сакаат сè што е практично и стабилно. За нив најдобар избор се правото, лингвистиката, странските јазици, но и дизајнот, особено на обувки и облека. Но, тие ја сакаат и книжевноста. За нив учењето не завршува кога ќе ја земат дипломата. Тие сакаат цел живот да работат на своето образование, постојано се усовршуваат, но и сакаат да ги подучуваат другите околу себе.

Јарец

Како и другите земјени знаци, така и јарците сакаат стабилност. Пред сè тие би одбрале економија, археологија, историја, архитектура, право, странски јазици или машинство. Тие секогаш одбираат работи во кои можат да бидат авторитетни. Спремни се да чекаат долго, додека не им се понуди посакуваната работа, но и да се откажат од учењето доколку не ја гледаат поентата во тоа.

Воздушните знаци се добри говорници, затоа најдобро е да студираат право, странски јазици, политички науки, книжевност или новинарство.

Близнаци

Близнаците се добри новинари, па затоа им се препорачува да се насочат кон овие студии. Исто така одлично им лежат странските јазици, а нема да погрешат и ако се запишат на книжевност. Тие се одлични трговци, а комуникацијата им е јака страна. Тие брзо учат, само им е потребна добра мотивација.

Вага

На вагата најмногу ѝ одговара да студира право. Вагите се добри говорници, но и знаат да ги ислушаат другите. Добро се пронаоѓаат и во психологијата бидејќи знаат да ги проценуваат луѓето и знаат како да им пријдат. Уметноста и глумата исто така се одличен избор за нив. Се снаоѓаат на сцената и сакаат да се експонираат.

Водолија

Водолиите најчесто ќе се одлучат за електро-техничките или машинските науки. Можат да се снајдат на секое работно место, а се и одлични организатори. За нив добар избор се новинарството и историјата. Авантуристичкиот дух кој го имаат, не ги држи на едно место, па за нив не е препорачливо да работат канцелариска работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар