Астрологија: кој маж е најдобар љубовник?

Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

Јарец – Претприемач во душа

Како да го препознаете: Згодните Јарци се одликуваат со совршено, но малку ковчесто тело.

Негов пример: Дензел Вашингтон – сериозен маж, на кој можете да се потпрете.

Добри страни: Одличен татко, сигурен, заштитнички настроен и силен.

Недостатоци: Доколку може, ќе ве искористи за професионално и социјално пробивање. На прво место му е работата, на второ семејството, а трето, ако имате среќа, вие.

Како да постапувате со него: Покажете му почит, но изборете се и за рамноправност.

Колку можете да му верувате: Оцена 5. Откако ќе го прифатите фактот дека работата му е најважно нешто во животот, ќе сфатите дека покрај вас се наоѓа многу посветена личност.

Колку е романтичен: Оцена 3. Ако фрли око на вас, неговата упорност нема никогаш да ја снема, сѐ додека не станете негова.

Каков е во кревет: Оцена 3. Во најлош случај е малку воздржан во кревет, а во најдобар случај, ќе се труди сѐ додека не постигне совршенство.

Водолија – Господин чудак

Како да го препознаете: Вистинските Водолии многу повеќе ги интересира она што ви се случува во главата, отколку вашиот изглед. Ќе го препознаете по изразените веѓи, кои го прават неговиот поглед сериозен.

Негов пример: Џон Траволта во неговите откачени улоги.

Добри страни: Водолиите, врските со жените ги доживуваат како еден потполно рамноправен однос. Од нивните партнерки очекуваат да бидат „свои“, но се разбира при тоа не смеат да покажуваат голема емотивност.

Недостатоци: Емотивно се неписмени. Тие сметаат дека чувствителноста е ирационална работа.

Како да постапувате со него: Никогаш немојте да им се јавувате во точното време во коешто сте се договориле, бидејќи Водолиите најмногу од сѐ, сакаат предизвик.

Колку можете да му верувате: Оцена 2. Без оглед на ситуацијата, Водолијата ќе го прави она што го сака и тогаш кога сака.

Колку е романтичен: Оцена 1. Своите и туѓите чувства ги секцира ладно, како хирург.

Каков е во кревет: Оцена 3. По малку чуден и без голема желба за промени, Водолијата ќе ви се допадне само доколку сакате чудни работи во сексот.

Астрологија: кој маж е најдобар љубовник?

Риби – Романтичари до бескрај

Како да го препознаете: Тоа и не е баш лесна работа, со оглед на тоа што машките Риби се како камелеони. Со мажите се однесува мажествено, а со жените женствено.

Негов пример: Брус Вилис – грубијан со нежно срце.

Добри страни: Фантазер, хиперсензитивец и хедонист. Сосема ги разбира вашите потреби.

Недостатоци: Ескапизам (бегање од реалноста)

Како да постапувате со него: Бидете внимателни, бидејќи тука влијание има Нептун, планетата на лажлвоста. Верувајте му само доколку можете на секој ваш состанок да се завртите и да си заминете дома со мирно срце.

Колку можете да му верувате: Оцена 2. Баш во моментот кога ќе помислите дека конечно ги поседувате, Рибите можат да ве уверат во спротивното.

Колку е романтичен: Оцена 5. Непоправливите сонувачи и романтичари, ќе ја изненадуваат нивната избраничка со мали поклони од срце, по повод годишнината од нивниот прв бакнеж.

Каков е во кревет: Оцена 5. Добри се речиси колку и скорпиите. Затоа немојте да се изненадите доколку со некоја Риба завршите во кревет во петок навечер, а станете дури во понеделник наутро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.