Астрологија: кој маж е најдобар љубовник? - Part 2

Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

Рак – Чувствителна душа

Како да го препознаете: грижливиот изглед и срамежливата насмевка ќе ви го открие вистинскиот Рак, како и неговата љубов кон мајка му.

Негов пример: Семеен човек како Том Круз – љуби и не опростува.

Добри страни: Женствената страна на Ракот, го прави идеален „материјал“ за гушкање и галење.

Недостатоци: Често го менува расположението, така што во еден момент е среќен и пријатен, додека во друг може да ве убие со поглед.

Како да постапувате со него: Гответе ги оние јадења кои му ги приготвувала неговата мајка, но притоа немојте да се занесувате со идејата дека ќе ги надминете нејзините кујнски способности. Во секоја прилика покажете дека се грижите за него, бидејќи само тоа може да ви обезбеди долготрајна и стабилна врска.

Колку можете да му верувате: Оцена 4. Ќе се залепи за вас како налепница. Зарем тоа не е токму она што се бара?

Колку е романтичен: Оцена 4. Повеќе е сентиментален отколку романтичен. Повеќе е грижлив татко, отколку добар маж.

Каков е во кревет: Оцена 4. Сензуален, нежен и тактичен. Повеќето машки Ракови не можат да им одолеат на бремени жени.

Лав – Харизматичен крал

Како да го препознаете: Обично можете да го пронајдете во центарот на случувањата или поточно во центарот на вниманието. Лавовите обично имаат густа и сјајна коса.

Негов пример: Антонио Бандерас, во улога на јунак кој ќе ве собори и ќе одведе директно во кревет.

Добри страни: Знае како да ги направи жените среќни и задоволни, а најдобар аспект на неговата личност е човечката топлина.

Недостатоци: Арогантен, фалбаџија и не е баш некој либерален тип, па затоа бидете верни и обидете се да ја прикриете вашата самостојност.

Како да постапувате со него: Немојте да се обидувате да го промените и не испуштајте прилика да го пофалите.

Колку можете да му верувате: Оцена 5. Доколку Лавот ви вети дека ќе ви се јави, тогаш тоа навистина и ќе го направи.

Колку е романтичен: Оцена 5. Ќе бидете повеќе од задоволни, доколку поклонувањето скапи подароци го сметате за романтично.

Каков е во кревет: Оцена 4. Страстен е и склон кон експериментирање, но сепак немојте да заборавите на крај целата работа да ја проследите со еден аплауз.

Девица – Прониклив господин

Како да го препознаете: Носи пантолони уредно испеглани со раб, ги грицка ноктите и има загрижен поглед. Мажите родени во знакот Девица, најчесто делуваат помладо одошто стварно се.

Негов пример: Ричард Гир – сите мажи сакаат згодни девојки, но машките Девици освен тоа се и перфекционисти, па за нив ни Синди Крафорд не е доволно добра.

Добри страни: Постојано работи на себе, и во психичка и во физичка смисла.

Недостатоци: Голем критичар.

Како да постапувате со него: За да можете да ги издржите неговите критики, неопходна ви е смисла за хумор и тоа во големи количини. Девиците не поднесуваат солзи и испади на бес, па затоа со нив треба мирно да се разговара и трпеливо да се слушаат нивните совети.

Колку можете да му верувате: Оцена 2. Со оглед на влијанието од Меркур, мажите во знакот Девица го менуваат своето мислење многу често.

Колку е романтичен: Оцена 2. Доколку ви е романтично некој да ве тера и да јадете и да вежбате, тогаш тоа е тоа.

Каков е во кревет: Оцена 4. Премногу се контролира, за да може навистина да ужива во сексот и да ѝ овозможи задоволство на партнерката.

Астрологија: кој маж е најдобар љубовник?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар