6 непристојни хороскопски знаци: Што на ум, тоа на друм, без пардон

Дали учтивоста е застарена особина што не оди заедно со одликите на овој модерен свет во кој живееме, па претерано пристојните луѓе делуваат неискрено и како „актери“? Проверете кои знаци, сепак, ништо не ги допира и отворено го кажуваат тоа што го мислат.

6 непристојни хороскопски знаци: Што на ум, тоа на друм, без пардон

1. Јарец

Јарецот не е непристоен, туку амбициозен, насочен и фокусиран, Тој честопати е толку зафатен со својата работа и кариера што дури не ни размислуваат за пристојност. Недостигот на време е вистинската причина поради која Јарецот нема да ви ја задржи вратата при поминување или да ви испрати долга и емотивна порака, но знајте дека неговите намери се добри и дека тој е секогаш до вас кога ви треба помош.

2. Овен

Овните се премногу нетрпеливи и импулсивни за да бидат љубезни. Честопати, тие кажуваат нешто пред дури и да размислат за тоа. Тие не можат да се воздржат затоа што немаат доволно самоконтрола – што е главната причина зошто делуваат невнимателно или дури и грубо. Исто како и Јарецот, Овенот има „многу работа“ и не може да почека некој да одлучи што му треба – затоа сака да соработува со луѓе кои делуваат, а не кои мислат затоа што мислителите тој дури и не ги разбира.

3. Водолија

Водолијата понекогаш може да делува како замислена и далечна, а ако може да избере, повеќе би сакала да не учествува во туѓи драми и проблеми. Овој знак може да биде исклучително непредвидлив и ако не сака да се заморува со нешто може тоа да покаже на малку груб начин. Водолиите постојано размислуваат како да решат некои проблеми, така што им се случува едноставно да немаат енергија за да водат сметка дали се „доволно пристојни“ во одредена ситуација.

4. Лав

На Лавовите им се случуваат многу нешта во животот, па тој треба да избере со што да се занимава и кои се неговите приоритети – а учтивоста не е на врвот од тој список. Поради премногу обврски, Лавовите не можат да си дозволат да трошат време, па затоа треба да ја „дозираат“ енергија и да вложат онолку колку што е потребно – затоа што ако се посветат на повеќе од едно поле, тие нема да постигнат ништо.

5. Девица

Девиците не размислуваат премногу за учтивост и убаво однесување, а по природа се директни, па понекогаш тоа се толкува како непристојност. Тие не сакаат да повредат никого, но може да се „уловат“ во нивните празни ветувања, така што дури може и да не знаат што ветиле. Понекогаш заради нивниот перфекционизам, тие сакаат да направат сè што треба и тоа што е можно поскоро, а тоа може да делува како да не им посветуваат доволно време на другите. Меѓутоа, ако им пристапите пристојно, Девиците ќе дадат сè од себе за да го поправат впечатокот.

Можеби сакате да прочитате и како хороскопските знаци се уништуваат себеси, а не се ни свесни за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар