6 хороскопски знаци кои се однесуваат мајчински кон нивните партнери

Мајките понекогаш знаат да заморуваат со своите прашања. Но, некои од нас навистина сакаат да бидат заморувани. „Мајчинскиот синдром“ во врската создава слики за некакво стереотипно однесување на досадна жена која му вика на својот кутар партнер и го гледа „под око“. Иако во мајчинството има и елементи на контрола и репресија, тоа е исполнето и со многу љубов, но и несогласувања, без обѕир на сè.

6 хороскопски знаци кои се однесуваат мајчински кон нивните партнери

Кои хороскопски знаци имаат тенденција мајчински да се однесуваат кон своите партнери?

Па, не треба да бидете мајка, па дури ниту жена за да се однесувате мајчински. Всушност, мајчинскиот синдром кон партнерот е прилично чест. Овие личности секогаш го имаат последниот збор, „најдобриот“ совет и „навистина ве познаваат“. Таа, исто така, има тенденција да ви вика и да ви кажува што да правите.

Но, партнерот не се однесува мајчински само поради желбата за контрола. Колку и тоа иронично да звучи, станува збор за љубов и тој ви го посакува само најдоброто.

Прочитајте во продолжение кои хороскопски знаци го имаат овој „синдром“.

1. Скорпија

И покрај тоа што сте ужасна „мајка“, во врската секогаш имате тенденција да бидете мајчински настроени. Проблемот е во тоа што го наметнувате само она што вие го сакате, или она што мислите дека е правилно. Вие не оставате простор за второ мислење на некој друг и ја погазувате секоја иницијатива на партнерот да направи нешто поинаку од вас.

Често се однесувате како полицаец и заборавате да се препуштите на љубовта, иако верувате дека тоа што го правите е само за доброто на партнерот. Но, вистината е дека на тој начин само го предизвикувате партнерот побрзо да ве напушти.

2. Девица

И покрај тоа што постојат многу малку нешта што може да ги контролирате на овој свет, кога конечно ќе пронајдете партнер, веднаш го „вклучувате“ режимот „мајка“ во вас. Веднаш мислите дека го „поседувате“ вашиот другар. Но, тој не е само што е ваш партнер туку е и ваш сакан, а тоа значи дека не треба да го контролирате и да го терате сè да прави по ваше.

Уживате во безбедноста на прегратките на партнерот, вие сте првата/првиот што би стапил/а во брак, би се потпишал/а и би ја запечатил/а својата љубов. Но, откако ќе добиете сè „црно на бело“, вие почнувате да шефувате. Сакате да го задржите вашиот партнер за цел живот, затоа се грижите тој секогаш да биде дотеран, нахранет и да ве слуша.

3. Рак

Вие сте природно мајчински настроени кон луѓето во вашиот живот, особено кон партнерот. Сметате дека вашиот партнер е донекаде ваша одговорност, па затоа мора да бидете сигурни дека тој правилно постапува и не ви се спротивставува.

Имате тенденција да се однесувате како мајка кон партнерот затоа што верувате дека тоа ја зголемува вашата вредност, ве прави поважни и затоа таквото однесување ви е неопходно. Вие толку го „размазувате“ партнерот, па тој станува зависен од вас до крајот на животот.

4. Лав

Мајчинскиот инстинкт е карактеристика на огнените знаци. Вие искрите во пламенот на доминацијата и кога ќе се најдете во сериозна врска, мислите дека сте на врвот од хиерархија над партнерот и вашите деца. Понекогаш сте „подла мајка“ на вашиот партнер, главно затоа што имате потреба да го контролирате.

Да, вие се обожувате себеси и не ви паѓа памет дека партнерот би бил посреќен доколку ги прави работите на свој начин, па му изигрувате мајка која му ги наметнува сопствените ставови. Сакате да бидете горди на него, затоа не го оставате да одлучува сам и убедени сте дека „правилниот начин” е само „вашиот начин“.

5. Овен

Вие не можете да ја изразите вашата тврдоглавост поинаку од тоа да му „солите памет“ на вашиот партнер.  Можеби ќе се претворите во „труба“ кои постојано нешто „труби“, но тоа го правите заради љубов и искрено сакате од партнерот да го извлечете само најдоброто.

Вие не се перципирате себеси како вознемирувачки или навредливи, а тоа е дефинитивно така. За себе имате мислење дека сте мудри, корисни и поддржувачки настоени, а и тоа е вистина.

6. Стрелец

Сакате да му бидете како мајка на партнерот и доколку ви се даде шанса, вие би биле мајка и на секој што поминува покрај вас. Располагате со бесконечно количество совети и мислења кои секогаш сте подготвени да ги споделите.

Добрата страна на вашето „мајчинство“ е тоа што сте прилично смешни во таа улога, а хуморот е многу важна работа за секој Стрелец, но понекогаш претерувате и ги оттурнувате луѓето од себе поради вашата прекумерна „грижа“. Она што всушност се случува е што вие несвесно ги инспирирате другите и тие мајчински да се постават кон вас, а тоа може да стане прилично смешно бидејќи вашата зависност тогаш стапнува на пиедестал.

Можеби сакате да дознаете и кои три хороскопски знаци се најдобри татковци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар