4-те хороскопски знаци што се љубовно и сексуално најкомпатибилни со Скорпиите

Ако сте заинтересирани за Скорпија, или пак вие сте родени во овој знак, дознајте кои се 4-те хороскопски знаци со кои Скорпиите најмногу се согласуваат. Секој од овие знаци поседува нешто уникатно, но и нешто што е едноставно неодоливо за Скорпиите, правејќи ги совршени за нив.

1. Рак

Раковите, како и Скорпиите, се воден знак, што значи дека и за едните и за другите емоциите ќе бидат најважните во врската. И двата партнера се посветени еден на друг и на тој начин остваруваат длабока поврзаност во врската. Тие нема да се исплашат со својот интензитет, наместо тоа, ќе бидат привлечени еден кон друг.

2. Девица

Девиците се познати по барањето партнери што ќе направат тие да се чувствуваат прифатено, поддржано и избрано – Скорпиите го прават токму тоа! Нивните различни пристапи кон животот прават тие да бидат неочекувана комбинација, но сепак совршено се надополнуваат. Девиците се критични, резервирани и одговорни, а Скорпиите се емоционални, лојални и посесивни. Заедно, тие постојано се инспирираат да бидат најдобрата верзија од себе.

3. Јарец

Бидејќи Скорпиите и Јарците се едни од најлојалните знаци во Зодијакот, сосема е природно дека ќе гравитираат едни кон други. Најчесто прво сакаат да развијат пријателство, за Скорпијата да ги процени чувствата на Јарецот, па дури потоа ќе почнат да се зближуваат и на љубовен план. Кога ќе започнат врска, тие ќе го разбудат најдоброто еден во друг.

4. Риби

Скорпиите и Рибите делат интензивна сексуална поврзаност што може да стане централна во нивниот заеднички живот. Физичката хемија им е екстремно важна и двете страни делат желба за сексуални искуства коишто се значајни и интимни. Бидејќи и двата знака се водени, тие си ги разбираат нивните длабоки, спиритуални пристапи кон животот и врските.

Прочитајте ги и 20-те животни принципи според кои се води секоја Скорпија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар