3-те хороскопски знаци што најмногу му одговараат на Лавот

3-те хороскопски знаци што најмногу му одговараат на Лавот

Ако Лавот успее да се најде со еден од овие знаци, тогаш тој без сомнение ќе ја изгради врската од своите соништа. Со Овенот ќе имаат романтична, но моќна врска, со Стрелецот постојано ќе одат во авантури, а со Близнаците пак, тие ќе се согласуваат на секое ниво. Погледнете ги најдобрите љубовни комбинации на Лавот.

3. Овен

Заедно, тие се тврдоглаво дуо, но најчесто се на иста бранова должина. Како огнени знаци, Овенот и Лавот сакаат големо покажување на емоциите, а исто така и си ги почитуваат нивните идеи за романса. Не очекувајте 72-часовно допишување пред да излезете на љубовен состанок, бидејќи Овните се брзи кога некој им се допаѓа, а Лавовите обожаваат кога им пристапуваат директно.

2. Стрелец

Физичката хемија меѓу Стрелците и Лавовите ги надминува сите граници. Тие се како два златни ретривери – полни со енергија и кинетичка љубов. Тоа значи дека ќе се „борат“ во парк (другите можат да ги превртуваат очите но тоа е навистина забавно), ќе јаваат коњи (Стрелецот сепак е кентаур), ќе одат на боксување, жешка јога и ќе имаат многу секс. Кога конечно ќе најдат време да здивнат, тие ќе го делат своето чувство за оптимизам и ќе ја ценат својата потреба за добар разговор. И тоа е одлично бидејќи Стрелецот обожава да зборува!

1. Близнаци

Најдобриот партнер за Лавот во зодијакот се Близнаците. Постои нешто магично во секоја комбинација помеѓу воздушен и огнен знак, како во оваа ситуација. Близнаците се неодоливи и интелигентни. Исто така, не им пречи нивниот партнер да го преземе водството. Природната харизма и енергија на Лавот може да ги маѓепса бурните Близнаци. И Лавот и Близнаците се млади во срцето, со голема желба за авантури, па очекувајте состаноци насекаде, од истражување на напуштен забавен парк до вечера помината на кошаркарски натпревар.

Од друга страна пак, љубовниот живот на Лавовите на моменти изгледа како шпанска серија, но дефинитивно вреди за целиот труд!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    like

Остави коментар