3 нешта што секој Бик мора да ги направи во мај

Вашата сезона започна, па време е за некои промени. Ако сакате да го извлечете најдоброто од овој период, овие совети навистина ќе ви помогнат.

1. Ослободете се од обврска на 15-ти

3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месец

Овој датум е совршен за да се ослободите од некоја обврска која не ви го прави животот подобар. Можеби ви е потребна промена на работното место, а можеби треба да се оддалечите од некој пријател. Универзумот е на ваша страна, па прекинете ја врската која не ви служи и продолжете со вашиот живот.

2. Прифатете покана за социјален настан на 19-ти

3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месец

На овој датум вашите шанси да запознаете некој посебен се навистина големи. Може да станува збор за нова љубов, професионален контакт, или пак нов најдобар пријател. Прифатете ја секоја покана на 19-ти. Ако не добиете ниту една, направете ваши планови. Ова може да води до неверојатна поврзаност.

3. Посветете се на нешто со пари на 29-ти

3 нешта што секој Бик мора да ги направи овој месец

Вашата мисија за овој ден е да го искористите просторот што го направивте на 15-ти и да потрошите пари на некоја нова страст. Сакате да посетувате теретана и да се вратите во форма? Платете еден месец однапред. Загрижени сте дека вашето дете се плаши од вода? Запишете го на часови за пливање. Ако не можете да се одлучите, направете листа со работи што сакате да ги завршите, па замолете некој да ви помогне со изборот.

Прочитајте ги и 7-те нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар