20 животни принципи според кои се води секој Бик

Бикот како хороскопски знак се посветува на акција, амбиција, внимание кон физичкиот изглед и стил и желба да направи позитивни промени во општеството. Ако постои нешто коешто ги сумира особеностите и карактеристиките на Биковите, тоа е нивната стабилност вкоренета во чувство на безбедност.

Комплетно созреан и развиен Бик, е многу стабилна и сигурна личност. Единствениот проблем којшто го има овој хороскопски знак, е пристигнувањето до таа фаза. Без разлика дали сте Бик, Водолија, Овен или Риби во хороскоп, реалноста е дека тоа е најважниот аспект од секој астролошки профил. Ова ќе ве направи подобар партнер, подобар родител, подобар вработен или работодавец, како и подобра личност во секоја останата смисла на зборот.

Во продолжение, прочитајте ги следниве 20 цитати за Биковите, коишто можат да придонесат кон нивниот развој и зрелост.

1. Кога сум среќен, ќе забележите дека се смеам со сето мое срце.

2. Можеби понекогаш делувам безгрижно, но вистината е дека јас сум голем мислител и тоа тврдоглав мислител!

3. Моето мото гласи: „Не зборувај – делувај. Не објаснувај – покажувај. Не ветувај – докажувај.“

4. Само 4 типови луѓе ја кажуваат вистината: 1) децата, 2) пијаните, 3) гневните и 4) Биковите.

5. Јас ви давам само ограничен поглед кон она што навистина се случува во моето срце.

6. Јас не се однесувам на лош начин кога сум вознемирен. Јас само имам карактер со којшто повеќето луѓе не можат да се справат.

7. Бидете предупредени кога ќе кажам дека јас ќе направам нешто. Бидејќи тоа 100% ќе се случи.

8. Јас нема да се врзам со љубовен партнер, сè додека не сум екстра сигурен дека таа личност е вистинската за мене. Јас сакам да се движам со фино и бавно темпо, пред да направам избор.

9. Не е возможно да множите со 0 и да очекувате резултати. Мораме да бидеме практични и да живееме во светот којшто веќе постои, а ние сме само негови наследници.

10. Ако си ми навистина драга личност, најверојатно ќе започнам да те разгалувам и да ти давам подароци, така што следи ме будно.

11. Ако е потребно ќе препливам и до крајот на океанот, само за да докажам дека ќе успеам да го дофатам она што претходно важело за „невозможно“.

12. Јас имам одличен вкус за облекување, впрочем како и за сè друго во животот.

13. Јас никогаш нема да бидам премногу зафатен за да најдам време за луѓето коишто вистински ми значат.

14. Јас сум слободен дух кој сака авантури, но ако ти кажам дека сакам да бидам сам/а, те молам не ме допирај. Остави ме со себе.

15. Совршен ден за мене би бил ден исполнет само со јадење, спиење и водење љубов.

16. Сè додека не признаеш дека си зафркнал/а, имај на ум дека нашата меѓусебна комуникација нема да се подобри.

17. Празните зборови немаат никакво значење за мене. Тоа значи дека џабе „брбориш“, бидејќи јас можам да видам низ тебе.

18. Јас не сум цело време сериозен/на. Имам и своја будалеста страна и обожавам да се смеам, треба само да ја откриеш.

19. Никогаш немој да се обидеш да ме направиш љубоморен, бидејќи ќе те казнам поради тоа и ќе ти се одмаздам. Ако ми ги преминеш границите, одмаздата ќе ја кројам бавно и тивко.

20. Ако сакаш да бидеш со мене, имај превид дека сум физичко суштество, на кое му е потребен физички контакт, за да почувствува реална конекција.

Прочитајте ги и овие 30 брутални вистини за карактерот на Биковите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар